Претседателот Џо Бајден објави дека неговата администрација ќе понуди заштита на некои сопружници на државјани на САД без документи. Топа е во релација со програмата „ДАКА“, која обезбедува заштита на младите недокументирани имигранти во САД. Известува Анита Пауел. .
Белата куќа ќе го постави црвениот тепих за првиот африкански лидер кој ќе биде во државна посета од 2008 година. Кенискиот претседател Вилијам Руто ќе добие раскошна државна вечера и некои зделки, соопшти Белата куќа.
Аналитичари велат дека кандидатот што ќе победи ќе се соочи со тежок предизвик во обидот да го врати американското влијание и престиж на континентот Африка, дом на повеќе од 1,2 милијарди луѓе. Известува Анита Пауел.
Претседателот Бајден објави грант од 6,6 милијарди долари за најдобриот производител на чипови во Тајван за производство на полупроводници во Аризона, кој вклучува трет објект што ќе ја зголеми инвестицијата на технолошкиот гигант на 65 милијарди долари. Анита Пауел, има повеќе.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се согласи да испрати делегација во САД за да разговара за израелските планови за копнена инвазија во преполниот град Рафа во Газа - план што Белата куќа го опиша како „грешка“. Анита Пауел известува од Белата куќа.
Американскиот претседател Џо Бајден во четврток ќе го одржи својот говор за состојбата на унијата за изборната година, кога се очекува да зборува за неговото справување со економијата, репродуктивните права, имиграцијата и конфликтите во Украина и Газа. Известува Анита Пауел.
Претседателот Џо Бајден и неговиот главен противкандидат Доналд Трамп, вчера отидоа на границата со Мексико. И двајцата го истакнаа бројот на мигранти кои сакаат да влезат во САД, но нивните пораки беа радикално различни. Анита Пауел известува од Вашингтон.
Смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални ја наметна Русија во центарот на американскиот политички дискурс. Претседателот Џо Бајден и неговиот главен противкандидат, поранешниот претседател Доналд Трамп, заземаат спротивставени ставови. Известува Анита Пауел.
Русија развива анти-сателитско оружје, потврди Белата куќа во четвртокот, откако еден конгресмен алармираше поради, како што рече, сериозна закана за националната безбедност. Законодавците се состанаа зад затворени врати за ова прашање. Анита Пауел со детали.
Нова анкета покажува дека Американците се загрижени поради начинот на кој Џо Бајден управува со економијата, и покрај постојаното рекламирање на позитивни економски бројки од страна на администрацијата. Известува Анита Пауел.
Администрацијата на Бајден повторно воведe санкции за државната венецуелска рударска компанија и се закани со нови мерки откако највисокиот суд на таа нација минатата недела и забрани на опозициската лидерка да учествува во претседателската трка. Известува Анита Пауел.
Белата куќа не бара војна со Иран, иако Бајден рече дека ќе одговори на нападот во кој загинаа тројца американски војници во Јордан. Вашингтон вината ја гледа во Иран, од каде негираат. Конгресот со притисок врз Белата куќа да возврати, а тоа дополнително би го проширил конфликтот Хамас-Израел.
Врховниот суд на ОН оваа недела започна сослушувања за случајот на Јужна Африка против Израел за геноцид - обид да се запре актуелниот конфликт во Газа и да се документира она што долгогодишниот палестински сојузник го гледа како „модел на геноцидно однесување“. Известува Анита Пауел.
Вчитај повеќе