САД го отфрлаат лажниот обид на Русија да ги промени меѓународно признатите граници на Украина, порача Блинкен

„Соединетите Држави и нашите сојузници и партнери наметнуваат брзи и сериозни санкции насочени кон дополнителни руски владини функционери, членови на нивните семејства“, рече Блинкен.

Наметнување брзи и жестоки мерки како одговор на руското кршење на суверенитетот на Украина од страна на Вашингтон, пренесе Стејт департментот.

„САД недвосмислено го отфрлаат лажниот обид на Русија да ги промени меѓународно признатите граници на Украина, вклучително и со одржување на лажни „референдуми“ во украинските региони Луганск, Доњецк, Керсон и Запорожје“, се вели во изјавата на државниот секретар на САД, Антони Блинкен.

„Ова е јасно кршење на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации“, изјави Блинкeн и додаде дека, како одговор, „Соединетите Држави и нашите сојузници и партнери наметнуваат брзи и сериозни санкции насочени кон дополнителни руски владини функционери, членови на нивните семејства, руски и белоруски воени претставници и мрежи за набавки на одбраната, вклучително и меѓународни добавувачи кои го поддржуваат рускиот воено-индустриски комплекс“.

И од Г7 е најавено дека ќе се бара одговорност од секој поединец, ентитет или земја што дава политичка или економска поддршка за нелегалните обиди на Русија да го промени статусот на украинската територија.