Линкови за пристапност

Бајден ја осуди Русија и најави дополнителната безбедносна помош за Украина


Соединетите Држави го осудуваат денешниот лажен обид на Русија да анектира суверена украинска територија. Русија го крши меѓународното право, ја гази Повелбата на Обединетите нации и насекаде го покажува својот презир кон мирољубивите нации.

Не правете грешка: овие постапки немаат легитимитет. Соединетите Држави секогаш ќе ги почитуваат меѓународно признатите граници на Украина. Ќе продолжиме да ги поддржуваме напорите на Украина да ја врати контролата врз нејзината територија со воено и дипломатско зајакнување, вклучително и преку дополнителната безбедносна помош од 1,1 милијарда долари што САД ја објавија оваа недела.

Како одговор на лажните тврдења на Русија за анексија, САД со нашите сојузници и партнери, денеска најавуваат нови санкции. Овие санкции ќе бидат наменети за поединци и ентитети, внатре и надвор од Русија, кои обезбедуваат политичка или економска поддршка на незаконските обиди за промена на статусот на украинската територија. Ќе ја собереме меѓународната заедница и да ги осудиме овие потези и да ја повикаме Русија на одговорност. Ќе продолжиме да и даваме на Украина опрема што ѝ е потребна за да се одбрани. И, со нетрпение очекувам да потпишам закон од Конгресот кој ќе обезбеди дополнителни 12 милијарди долари за поддршка на Украина.

Ги повикувам сите членови на меѓународната заедница да ги отфрлат илегалните обиди на Русија за анексија и да застанат со народот на Украина онолку долго колку што е потребно, стои во изјавата на американскиот претседател.

XS
SM
MD
LG