Линкови за пристапност

САД воведоа експресни санкции за Русија и за оние земји кои и помагаат


Соединетите Држави и наметнуваат брзи и сериозни санкции на Русија за нејзината наводна анексија на региони на Украина.

Тие ќе бидат наменети на руски владини функционери и лидери, членови на нивните семејства, руски и белоруски воени функционери и мрежи за одбранбени набавки, вклучително и меѓународни добавувачи кои го поддржуваат рускиот воено-индустриски комплекс.

Денес испраќаме јасно предупредување од владата на Соединетите Американски Држави, поддржана од партнерите од Г7: Ќе има санкции за секој поединец, ентитет или земја што обезбедува политичка или економска поддршка на Русија како резултат на нејзините незаконски обиди да го промени статусот на украинската територија. Денес, и Одделот за финансии и трговија ги најавија засилените санкции и ризиците за контрола на извозот за субјекти и поединци внатре или надвор од Русија кои обезбедуваат политичка или економска поддршка на Русија за нејзината наводна анексија.

Покрај тоа, Одделот за финансии санкционираше 14 меѓународни добавувачи за поддршка на воените синџири на снабдување на Русија. Одделот за финансии, исто така, назначува 109 дополнителни членови на Државната дума и 169 членови на Советот на Федерацијата на Федералното собрание на Руската Федерација.

Одделот за финансии ги санкционира Елвира Сахипзадовна Набиулина, гувернер на Централната банка на Руската Федерација (ЦБР) и поранешен советник на Путин и Олга Николаевна Скоробогатова, прв заменик гувернер на ЦБР. Одделот за финансии, исто така, ги санкционираат роднините на членовите на Советот за национална безбедност на Русија, како што се сопругата и двете возрасни деца на рускиот премиер Мишустин и сопругата и возрасните деца на министерот за одбрана Сергеј Кужугетович Шојгу.

Стејт департментот наметнува визни ограничувања за Очур-Суге Монгуш, поради грубо кршење на човековите права извршено против еден украински воен затвореник и 910 лица, вклучително и припадници на војската на Руската Федерација, белоруски воени претставници и полномошници на Русија кои го нарушуваат суверенитетот на Украина.

И, на крај, Одделот за трговија додава 57 ентитети на списокот на ентитети и јасно става до знаење дека сегашните извозни контроли на Соединетите Држави на Русија може да се применат и на субјекти во трети земји кои се обидуваат да обезбедат материјална поддршка за воениот и индустрискиот сектор на Русија и Белорусија и други ставки забранети од Соединетите Држави и 37-те сојузници и партнери кои имплементирале значително слични контроли.

XS
SM
MD
LG