Линкови за пристапност

Амбасадата на САД во Москва ги повика американските граѓани веднаш да ја напуштат Русија


Амбасадата ги повика Американците да ги избегнуваат сите политички или социјални протести оти правото на мирно собирање и слободата на изразување не се загарантирани во Русија
Амбасадата ги повика Американците да ги избегнуваат сите политички или социјални протести оти правото на мирно собирање и слободата на изразување не се загарантирани во Русија

Амбасадата на САД во Москва ги повика американските граѓани веднаш да ја напуштат Русија додека сè уште има опции за напуштање на земјата, објави Стејт департментот.

Предупредувањето доаѓа по наредбата на рускиот претседател Владимир Путин за делумна мобилизација на руски мажи за да се борат во војна во Украина.

„Русија може да одбие да го признае американското државјанство на двојните државјани, да го одбие нивниот пристап до американска конзуларна помош, да го спречи нивното заминување од Русија и да регрутира двојни државјани на воена служба“, се вели во предупредувањето.

Во предупредувањето се додава дека „руските власти уапсија американски државјани кои учествуваа во демонстрации“.

Амбасадата постојано ги предупредува Американците да не патуваат во Русија и веднаш да ја напуштат земјата доколку се таму. Амбасадата ги повика граѓаните на САД „да ги избегнуваат сите политички или социјални протести и да не го фотографираат безбедносниот персонал на овие настани“, истакнувајќи дека „правото на мирно собирање и слободата на изразување не се загарантирани во Русија“.

Во предупредувањето се вели дека амбасадата „има сериозни ограничувања во нејзината способност да им помогне на американските граѓани, а условите, вклучително и опциите за превоз, може одеднаш да станат уште поограничени“.

„Ако сакате да ја напуштите Русија, треба да направите независни аранжмани што е можно поскоро“, се вели во соопштението.

XS
SM
MD
LG