Мал напредок во преговорите Киев – Москва; и натаму скептицизам меѓу набљудувачите

Прогрес, но недоволен во мировните разговори Москва - Киев

И украинските и руските лидери велат дека е постигнат одреден напредок во мировните преговори, но постигнувањето договор е полн со неизвесности, велат набљудувачите.

Некои западни функционери и независни набљудувачи се скептични и се загрижени дека Москва не преговара со добра волја и дека ги користи преговорите за да го ограничи НАТО да обезбеди офанзивни и одбранбени системи земја-воздух и други пософистицирани вооружени системи за Украина или да ги интензивира западните санкции.

Советникот на украинскиот претседател дава изјава по најновата рунда преговори.

Други, пак, се скептични дека дури и ако Киев и Москва успеат да постигнат некои цврсти услови и редослед на настаните неопходни за да се имплементира Договорот ќе биде речиси невозможно истиот да се постигне, како што беше со договорот од Минск од 2015 година, кој требаше да стави крај на борбите во областите во Донбас заземен од про-руските сепаратисти со помош на Кремљ.

Сè уште постои јаз меѓу Украина и Русија по неколкудневните видео разговори што ги водеа министерот за одбрана на Украина Олексиј Резников и советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак. Рускиот преговарачки тим е предводен од советникот на Кремљ, Владимир Медински.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно оваа недела повтори дека е подготвен да се откаже од украинските аспирации за влез во НАТО во замена за повлекување на руските сили и цврста гаранција за безбедноста на Украина. Зеленски, исто така, посочи дека е отворен за идни дискусии за статусот на Крим, кој Русија го припои во 2014 година, и за двете сепаратистички републики во Донбас кои Москва ги призна како независни држави.

Но, Зеленски сака тие прашања да се дискутираат подоцна по прекинот на огнот и повлекувањето на Русија. Тој рече дека сите предлози за Крим и Донбас ќе треба да бидат одобрени на референдум.

Украинскиот претседател изјави во средата дека разговорите се движат напред. „Тоа е тешко, понекогаш конфронтирачка атмосфера“, рече тој во видеото објавено на социјалните мрежи. „Но, чекор по чекор одиме напред“, додаде Зеленски.