Линкови за пристапност

Глобални реакции: колку странски борци се борат во Украина?


Странски борци во Украина
Странски борци во Украина

Појавата на илјадници странци кои доброволно се борат за Украина против руската инвазија предизвика жестоки реакции од владите на тие про-украински борци, од кои, некои се од Русија, и нејзиниот сојузник Белорусија.

Трите главни типови на одговори идентификувани од Гласот на Америка вклучуваат западни влади кои даваат премолчена или експлицитна дозвола на граѓаните да ѝ помогнат на Украина да се одбрани; владите од азиските земји им наредуваат на граѓаните да не влегуваат во конфликтот; а руските и белоруските власти ги осудуваат граѓаните кои се борат на страната на Украина и им се закануваат со тешки реперкусии.

Во својата последна проценка, украинското Министерство за надворешни работи на 6 март соопшти дека „речиси 20.000 ... искусни воени ветерани и волонтери“ се пријавиле да се приклучат на нејзината Меѓународна легија за одбрана на Украина.

Украинските власти не кажаа колку од тие апликанти се во земјата, но министерство за одбрана на Украина соопшти дека оние кои пристигнале до 11 март се од повеќе од 50 земји.

Претставник на украинската амбасада во Вашингтон претходно овој месец изјави за Гласот на Америка дека 3.000 Американци се меѓу апликантите за меѓународната легија.

Официјалниот претставник рече дека повеќето од другите биле од пост-советски држави како Грузија и Белорусија.

Гласот на Америка не може самостојно да ја потврди големината или составот на украинската легија на странски борци. Повеќе извештаи велат дека непознат број странци кои сакаат да се борат заедно со украинските сили, исто така, влегле во земјата без да ги поминат нејзините процедури за да се пријават во Легијата.

Меѓу про-украинските борци вклучени во војната има руски и белоруски граѓани кои со години помагаат во одбраната на Украина. Тие вклучуваат протерани борци од руската република Чеченија кои се спротивставија на Москва откако Кремљ ја уништи нивната сепаратистичка кампања во Чеченија по двете војни во 1990-тите и 2000-тите.

Чеченските борци се во Украина од 2014 година, давајќи им отпор на руските сили и на сепаратистите поддржани од Русија во регионот Донбас во источна Украина, според лидерот на чеченските сепаратисти со седиште во Британија, Ахмед Закаев.

Чеченските борци не го открија нивниот број.

XS
SM
MD
LG