Продолжува евакуацијата на македонските државјани и нивните семејства од Украина

Your browser doesn’t support HTML5

Напори за евакуација на сите македонски државјани ов Украина

Процесот не оди брзо поради влошената ситуација за која се очекува да ескалира. „Ќе најдеме начин безбедно да ги евакуираме нашите граѓани“, уверува шефот на дипломатијата.

Од вкупно 100 мапирани граѓани во Украина, 50 се веќе извлечени и уште толку треба да се евакуираат. Од тие 50 не се сите македонски државјани, туку семејства на наши државјани, а ги третираме како наши државјани.
Османи, министер за надворешни работи

„ Од вкупно 100 мапирани граѓани во Украина, 50 се веќе извлечени и уште толку треба да се евакуираат. Од тие 50 не се сите македонски државјани, туку семејства на наши државјани, а ги третираме како наши државјани. Очекуваме денеска поголемиот дел да ги евакуираме. Од тие 50, 20 се во Киев, 20-ина се во други градови низ Украина.“ , изјави Бујар Османи, министер за надворешни работи на Северна Македонија.

Од Харков, еден од најпогодените градови во руската инвазија, успешно е евакуирано и семејството со бебе родено непосредно пред почетокот на агресијата. Во јужниот украински град Одеса веќе нема македонски државјани. Финишира и евакуацијата на набљудувачите кои се дел од ОБСЕ мониторинг мисијата. Во тек е надминување на ситуацијата со македонски превозници заглавени на украинско-полската граница. Друго важно прашање кое се координира со украинската амбасада во Скопје е и подготвеноста на Северна Македонија да прими бегалци.

„МНР во оваа првична подготвителна фаза ги координира тие активности за да се утврдат капацитети колку имаме доколку има евентуален бран на бегалци и кои би биле мерките што требаат различните институции вклучувајќи ги МВР, Труд и социјала, и така натаму за да ги преземат за да целиот тој процес помине без поголеми пречки и опструкции, изјави Османи.

Како земја-членка на НАТО Северна Македонија се согласи да и даде воена помош на Украина – тоа не подразбира испраќање војници на терен.

Одлука за испраќање наши војници во Украина нема и нема да има. Северна Македонија е членка на НАТО и ние како земја членка ќе ги почитуваме и спроведуваме сите одлуки кои се носат во рамки на Алијансата, затоа што сме составен дел и од процесот на носењето на тие одлуки.
Петровска, министерка за одбрана

„Одлука за испраќање наши војници во Украина нема и нема да има. Северна Македонија е членка на НАТО и ние како земја членка ќе ги почитуваме и спроведуваме сите одлуки кои се носат во рамки на Алијансата, затоа што сме составен дел и од процесот на носењето на тие одлуки. Во однос на воената помош за Украина, станува збор за воена опрема и вооружување согласно побарувањата на украинските власти. Нивното барање кон нас беше класифицирано, и од тие причини и нашата одлука е се уште класифицирана. Но, сметавме дека како чин на транспарентност, јавноста заслужува да биде информирана дека таква одлука сме донеле и заради тоа ја дадовме таа куса информација дека донесовме одлука за воена помош на Украина.“, изјави Славјанка Петровска, министерка за одбрана на Северна Македонија.

Македонија ја поддржала одлуката за привремена суспензија на Русија во Советот на Европа. Истовремено, поради руската агресија, е одложено испраќањето на новиот македонски амбасадор во Москва.

Агенцијата за медиуми, по препорака на владата, им укажа на кабелските оператори да ги исклучат руските ТВ канали кои се емитуваат во земјава, а во кои како основач се јавува Руската Федерација или приватни, физички или правни лица со потекло од Руската Федерација.