Линкови за пристапност

Меѓународниот кривичен суд во Хаг ќе отвори истрага за можни воени злосторства во Украина


 Ги разгледав заклучоците кои произлегуваат од прелиминарното испитување на ситуацијата во Украина и потврдив дека постои разумна основа да се продолжи со отворање истрага, рече обвинителот Карим А.А. Кан (Фото: АФП)
Ги разгледав заклучоците кои произлегуваат од прелиминарното испитување на ситуацијата во Украина и потврдив дека постои разумна основа да се продолжи со отворање истрага, рече обвинителот Карим А.А. Кан (Фото: АФП)

Меѓународниот кривичен суд во Хаг ќе отвори истрага за можни воени злосторства во Украина.

„Решив да продолжам со отворање истрага“, рече обвинителот Карим А.А. Кан, а изјавата за Гласот на Америка ја пренесе Маргарет Хабермен.

„Ги разгледав заклучоците кои произлегуваат од прелиминарното испитување на ситуацијата во Украина и потврдив дека постои разумна основа да се продолжи со отворање истрага. Конкретно, јас сум задоволен што постои разумна основа да се верува дека во Украина се извршени и наводни воени злосторства и злосторства против човештвото во врска со настаните што веќе беа оценети за време на прелиминарното испитување од Канцеларијата. Со оглед на проширувањето на конфликтот во последните денови, мојата намера е оваа истрага да ги опфати и сите нови наводни злосторства кои спаѓаат во надлежност на мојата Канцеларија, а се извршени од која било страна во конфликтот на кој било дел од територијата на Украина“, соопшти обвинтелот.

Тој додаде дека веќе го задолжил неговиот тим да ги истражи сите можности за зачувување докази.

„Ќе продолжам внимателно да ги следам случувањата на теренот во Украина и повторно повикувам на воздржаност и строго почитување на важечките правила на меѓународното хуманитарно право“, рече тој.

Украина вчера поднесе тужба против Русија до Меѓународниот суд за правда во Хаг.

„Русија мора да сноси одговорност за манипулирање со поимот геноцид за да ја оправда агресијата. Бараме итна одлука со која и се наредува на Русија да престане со воената активност сега и очекуваме судењата да започнат следната недела“, напиша Зеленски на неговиот Твитер профил.

Украинските и руските делегации, денес се состанаа во областа на украинско-белоруската граница, и ја одржаа првата рунда преговори за пронаоѓање на заеднички точки за најран прекин на огнот и борбените дејствија, објави канцеларијата на претседателот на Украина на официјалната Фејсбук страница.

„Партиите детално разговараа за повеќе клучни теми за кои имаат изгледи за изнаоѓање меѓусебни одлуки. Донесена е одлука веднаш да се оди на дополнителни консултации во главните градови на државите. По што наскоро треба да се одржи втората рунда преговори меѓу украинската и руската страна“, се вели во изјавата.

Украина претходно побара итен прекин на огнот и повлекување на руските сили пред пристигнување на нејзината делегација на разговори со Русија денес.

XS
SM
MD
LG