Линкови за пристапност

ЕУ ќе купува оружје за Украина и ќе забрани руски медиуми


Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен очекува мерките да бидат одобрени од лидерите на ЕУ
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен очекува мерките да бидат одобрени од лидерите на ЕУ

Европската Унија (ЕУ) планира да преземе чекор без преседан за финансирање на купување оружје за Украина, изјавија претставници на ЕУ, додека блокот објави серија нови санкции како одговор на руската инвазија на Украина.

Планот на ЕУ за финансирање на купување оружје ќе користи милиони евра за да помогне во купување системи за противвоздушна одбрана, противтенковско оружје, муниција и друга воена опрема за вооружените сили на Украина.

Исто така, ќе снабдува работи како гориво, заштитна опрема, шлемови и комплети за прва помош.

„Првпат досега, Европската Унија ќе финансира купување и испорака на оружје и друга опрема во земја која е нападната“, рече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за купувањето оружје, нарекувајќи го „момент на пресврт. ”

Фон дер Лајен очекува мерката да биде одобрена од лидерите на ЕУ, заедно со други значајни потези - забрана за про-Кремљ медиумите РТ и Спутник, затворање на воздушниот простор на ЕУ за руските авиони и санкции против Белорусија.

Таа рече дека РТ и Спутник се дел од „медиумската машина на Кремљ“, а ЕУ „развива алатки за забрана на нивните токсични и штетни дезинформации во Европа“.

Фон дер Лајен рече „ тие повеќе нема да можат да ги шират своите лаги за да ја оправдаат војната на Путин и да сеат поделеност во нашиот сојуз“.

Затворањето на воздушниот простор на ЕУ доаѓа откако многу поединечни европски земји, заедно со Британија и Канада, објавија дека ќе ги забранат руските авиони.

ЕУ, исто така, ќе ја погоди со санкции Белорусија заради олеснување на инвазијата. Режимот на белорускиот моќник Александер Лукашенко е „соучесник во злобниот напад против Украина“, рече фон дер Лајен.

Новите рестриктивни мерки ќе ги погодат најважните сектори во Белорусија, вклучувајќи ги тутунот, дрвото, цементот, железото и челикот.

Мерките се надоврзуваат на санкциите на ЕУ објавени на 26 февруари, вклучително и исклучување на некои руски банки од меѓубанкарската мрежа за пораки Свифт, забрана на сите трансакции со руската централна банка и додадени ограничувања за руските олигарси.

Информациите се преземени од АП, Ројтерс и АФП

XS
SM
MD
LG