Најмалку 350 цивили се убиени од руската инвазија минатата недела, а други 1.700 лица се ранети, соопшти Украина во неделата. Нема информации за жртви меѓу украинските сили, додека Русија призна дека има жртви меѓу нејзините трупите.
Мишел Бачелет, шефицата за човекови права на ОН, изјави на состанокот на ОН за човекови права дека најмалку 102 цивили се убиени и дека таа се плаши дека реалната бројка е „значително поголема“.
„Повеќето од овие цивили беа убиени од експлозивно оружје, вклучително и гранатирање од тешка артилерија и ракетни системи со повеќе лансирање и воздушни напади“. – изјави Бачелет. Високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди во понеделникот на Твитер објави дека повеќе од 500.000 бегалци избегаа од Украина во соседните земји.
Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Џо Бајден денес ќе разговара со неколку сојузници околу најновите случувања во Украина како и за “координирањето на обединет одговор“.