Линкови за пристапност

Началникот Ѓурчиновски на средби во Пентагон: Засилување на воената соработка со САД


Придобивките од досегашната и идната соработка со воените сили на САД биле дел од темите за кои се разговарало на средбите што началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски ги имал со високи воени лица во Пентагон.

Како што соопштија од Генералштабот на Армијата на Северна Македонија, во неколкудневната работна посета на Соединетите Американски Држави, Ѓурчиновски имал средби со високи воени раководители на највисоката воена команда на САД.

„Во денешните разговори е потенцирана цврстата определба за понатамошно заедничко развивање на нашите способности и интероперабилноста во НАТО, како и значењето на колективната безбедност на НАТО за југоисточна Европа и пошироко, во време на воената агресија над Украина, која е осудена од сите земји членки на НАТО и ЕУ“, се вели во соопштението од Генералштабот.

Во придружба на командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт, биле остварени средби со началникот на Бирото на Националната гарда на САД, генерал Даниел Хокансон, со заменик на претседавачот на Здружениот штаб на Вооружените сили на САД, Адмирал, Кристофер Грејди. Македонската делегација се сретнала и со директорот на Директоратот за воена поддршка на цивилните институции, Дир Хирш, како и со раководители од Одделот за стратегии, политика и планирање во Здружениот штаб во Пентагон.

Во текот на следните денови делегацијата од Генералштабот ќе ја посети Националната команда за управување со кризи во Бурлингтон, Вермонт, Командата на ВС на САД за опремување и вооружување и компанијата за воени возила „Ошкош“ во Детроит и во Форт Левенворт.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG