Линкови за пристапност

Завршија разговорите меѓу Украина и Русија, наскоро втора рунда преговори


Партиите детално разговараа за повеќе клучни теми за кои имаат изгледи за изнаоѓање меѓусебни одлуки и донесена е одлука веднаш да се оди на дополнителни консултации во главните градови на државите, соопшти канцеларијата на претседателот Зеленски
Партиите детално разговараа за повеќе клучни теми за кои имаат изгледи за изнаоѓање меѓусебни одлуки и донесена е одлука веднаш да се оди на дополнителни консултации во главните градови на државите, соопшти канцеларијата на претседателот Зеленски

Украинските и руските делегации, кои се состанаа во областа на украинско-белоруската граница, ја одржаа првата рунда преговори за пронаоѓање на заеднички точки за најран прекин на огнот и борбените дејствија, објави канцеларијата на претседателот на Украина Володимир Зеленски на официјалната Фејсбук страница.

„Партиите детално разговараа за повеќе клучни теми за кои имаат изгледи за изнаоѓање меѓусебни одлуки. Донесена е одлука веднаш да се оди на дополнителни консултации во главните градови на државите. По што наскоро треба да се одржи втората рунда преговори меѓу украинската и руската страна“, се вели во изјавата.

Украина претходно побара итен прекин на огнот и повлекување на руските сили пред пристигнување на нејзината делегација на разговори со Русија денес, а претседателот Володимир Зеленскиј ја повика Европската Унија да ѝ даде на неговата земја итно членство во блокот.

Преговорите меѓу Украина и Русија започнаа на границата меѓу Украина и Белорусија, при што канцеларијата на Зеленски соопшти дека меѓу украинската страна биле и министерот за одбрана Олекси Резников и претседателскиот советник Михаило Подољак.

Зеленски побара брзо пристапување во ЕУ во видеопорака во која ги охрабрува руските војници да го остават оружјето.

„Нашата цел е да бидеме заедно со сите Европејци и што е најважно, да бидеме рамноправни“, рече тој, и додаде: „Сигурен сум дека е фер. Сигурен сум дека е можно“.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека разговарал со украинскиот лидер по телефон и „го пофалил за храброста на народот и вооружените сили на Украина“.

„Сојузниците на НАТО ја засилуваат поддршката со проектили за противвоздушна одбрана, противтенковско оружје, како и хуманитарна и финансиска помош“, напиша Столтенберг на Твитер.

Русија се соочи со зголемен дипломатски и економски притисок денес, петтиот ден од нејзината инвазија, руската валута падна на рекордно ниско ниво и додаде нови санкции против централната банка на земјата.

На руските трупи наскоро би можело да им се придружат силите од сојузникот Белорусија, според американски официјални претставници кои разговарале со повеќе новински организации.

XS
SM
MD
LG