Линкови за пристапност

Имаат ли привилегија бродовите на Кина на Црвеното море?


Имаат ли привилегија бродовите на Кина на Црвеното море?
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:06 0:00

Додека милитантите Хути во Јемен, поддржани од Иран, продолжуваат со нападите во Аденскиот Залив и Црвеното Море, коалиција од дваесетина земји работи на обезбедување на водите. Но, забележливо отсутна од коалицијата е Кина. Карла Баб јавува од Пентагон. 

Голем брод полека тоне кон дното на Црвеното Море, откако проектил на Хути го погоди минатиот месец. Тој е првиот потонат брод oд Хутите, но тие оштетија повеќе од десетина други, па дури и се качија на еден брод по средината на ноември.

„Овде сме среде вистинска безбедносна криза, која за многумина е економска и дипломатска криза во регионот, а Кина никаде ја нема“, посочува Тод Јанг, Републикански сенатор од Индијана.
Војските на САД и Велика Британија извршија повеќекратни напади врз цели на Хутите во Јемен за да ги уништат оружјето и радарите што се користат за гаѓање на комерцијални бродови, проблем што предизвика расправа во Сенатот.

„Ние сме таму со нашето знаме. Нашите мажи и жени се во опасност. Кина е нацијата за која претпоставувам дека е најмногу погодена од затворањето на трговијата во Црвеното Море, а сепак тие седат настрана преправајќи се дека се пријатели на сите“, рече сенаторот Мит Ромни.

„Гледаме одреден степен на искористување. Тоа е апсолутно неприфатливо. Кога зборуваме за меѓународен проблем на кој му треба меѓународно решение, треба Кинезите да бидат многу поагресивно ангажирани“, смета Тим Лендеркинг, Специјален претставник на САД во Јемен.

„Портпаролот на кинеската амбасада во Вашингтон неодамна изјави за Гласот на Америка дека „во целина, Кина е подготвена да работи со сите страни за да ја заштити безбедноста на меѓународните бродски патеки“.
Кина, наводно, ја распоредила својата 46-та флота во Заливот на 21 февруари.
Но Гласот на Америка и другите не можеа да го потврдат пристигнувањето на флотата во регионот на Црвеното Море.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG