Линкови за пристапност

Зимата носи дополнителни страдања за Палестинците во Газа


Зимата носи дополнителни страдања за Палестинците во Газа
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:00 0:00

Како што се обновуваат разговорите за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Газа, зимата што доаѓа значи дека животот ќе стане уште потежок за два милиона Палестинци кои живеат таму. Известува Линда Градстин.

Како и многу други Палестинци во Газа, семејството Абу Мерием живее во шатор во Ал-Маваси, безбедна зона назначена од Израел во јужниот дел на Газа.

Етимад, нејзиниот сопруг Ареф и нивните две возрасни деца, го напуштиле својот дом во северниот дел на Газа и биле раселени петпати од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас минатата година.

Загрижени се како да ја преживеат зимата.

„Идејата дека доаѓа зима и дека ќе има дожд е страшна и мрачна. Бидејќи живееме во шатори од ткаенина нема да можат да го издржат дождот“, вели Етимад.

Етимад вели дека е невозможно да се одржуваат основните хигиенски стандарди за живеење во шатор.

„Нема хигиена. Цел ден се трудам да организирам и да чистам, а сепак се чувствувам како да не сум направила ништо. Овде има инсекти и глувци. Тие глодаат облека, постелнина и вреќи“, посочува Етимад.

Сопругот на Етимад, Ареф, вели дека дождот порано се сметал за благослов за газаните, особено за оние кои работат во земјоделството. Но, сега, вели тој, тоа е проклетство.

„Во старите денови се молевме за дожд. Тоа беше нешто за што му се заблагодарувавме на господ. Но, сега се молиме да нема дожд затоа што живееме под парче пластика. Сè е свртено против нас. Дури и земјоделското земјиште сега е место каде што ги поставивме нашите шатори“, вели Ареф.

Зимата пристигнува како што хуманитарната криза во Газа се влошува. Медицинскиот систем едвај функционира и водечката агенција на ОН која работи со Палестинците, вели дека едноставно нема доволно храна за населението од повеќе од 2 милиона Палестинци, особено во северниот дел на Газа.

„Денес постои реален ризик повторно да не` зафати зима. Имунитетот на луѓето е многу послаб. Влегуваме во ситуација кога глад или акутна неисхранетост, за жал, повторно е веројатност. И повторно, ова може да биде избегнато“, вели Филипе Лазарини од агенцијата на ОН.

Израел неодамна ги прекина врските со Аганецијата, велејќи дека некои од вработените учествувале во нападот на Израел на 7-ми октомври, тврдење кое Агенцијата го негира.

Израелските одбранбени сили велат дека дозволуваат доволно меѓународна помош во Газа преку нејзините контролни пунктови и дека проблемот е во дистрибуцијата во Газа.

„Денес имаме повеќе од 800 камиони кои чекаат меѓународната заедница да ги достави оттука до луѓето во Газа“, вели Абдула Халаби, началник за хуманитарна помош на Израелските одбранбени сили.

Како што семејството Абу Мерием ги гледа работите, навистина не е важно кој е одговорен за недостатокот на помош. Ним им претстои уште една студена, дождлива зима во шатор, не знаејќи кога ќе можат да се вратат дома.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG