Линкови за пристапност

Жените сè уште се со врзани нозе во трката за родова рамноправност


Жените сè уште се со врзани нозе во трката за родова рамноправност
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:54 0:00

Зајакнувањето и зголемувањето на бројот на жените во политиката е добро. Но, ваквото учество не може да биде пасивно. Учеството значи и лидерство. Не значи само да се има место на масата, рече преку видео обраќање амбасадорката Анџела Агелер на конференцијата „Успешни жени за успешен регион“

Жените сè уште се натпреваруваат со врзани нозе во трката за родова рамноправност, а која со сегашното темпо би се постигнала дури после 131 година. Жените во управувачките и раководните структури ќе значат и поголема ефикасност за јавниот и за приватниот сектор.

Тоа беа дел од клучните пораки и заклучоци упатени од конференцијата „Успешни жени за успешен регион“ што се одржа денеска во Скопје. Настанот воедно беше и промоција „Жени во органи на управување - Јадран“, регионална невладина и непрофитна асоцијација за промоција на родовата еднаквост на високо-раководни позиции. На конференцијата присуствуваа околу 150 претставнички и претставници од политиката, дипломатијата, како и од јавниот и приватниот сектор.

„Жените сè уште се натпреваруваат со врзани нозе во оваа трка. Според Светскиот извештај за разликите меѓу мажите и жените од 2023 година, со ова темпо ќе ни бидат потребни уште 131 година за да бидеме целосно еднакви. Тоа значи во 2155 година ќе имаме целосна родова еднаквост, ако продолжиме со ова темпо“, укажа

Билјана Бретвејт, претседателка на организацијата “Жени во органи на управување – Јадран“.

Таа додаде дека успешноста на компаниите е тесно врзана со што поголем број жени во нивните управувачки структури.

„Сè повеќе имаме докази дека компаниите коишто имаат побалансирани лидерски тимови на повисоко ниво, постигнуваат подобри резултати, и на краткотраен и на долготраен рок“, рече Бретвејт.

На присутните, преку видео порака, им се обрати и амбасадорката на САД во Северна Македонија, Анџела П. Агелер.

„Податоците покажуваат дека зајакнувањето и зголемувањето на бројот на жените во политиката е добро. Но, ваквото учество не може да биде пасивно. Учеството значи и лидерство. Не значи само да се има место на масата, туку исто така треба да бидете на челото на масата“, нагласи Агелер.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG