Линкови за пристапност

Зголемена употребата на дронови од терористичките групи во Африка


Зголемена употребата на дронови од терористичките групи во Африка
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:43 0:00

Во интервју за Гласот на Америка, експертите на ОН велат дека терористичките групи во Африка ја зголемуваат нивната употреба на беспилотни летала. Од Сомалија до Сахел, репортерот Хенри Вилкинс гледа како ова ја отежнува работата на африканските држави кои се борат против бунтовниците.

Овие снимки од беспилотни летала, кои Гласот на Америка не можеше да ги потврди независно, наводно го прикажуваат нападот на ал-Шабаб на аеродромот во Кенија во 2021 година, како и употребата на беспилотни летала од вооружените групи ЈНИМ и ИСВАП да ги координираат нападите во Мали и Нигерија.

Според експертите на ОН, терористичките групи во Африка поврзани со ал-Каеда и Исламската држава сè повеќе ги користи беспилотните летала за извршување операции.

Експертите истакнуваат дека војските кои се борат против бунтовниците и се соочуваат со терористички закани од воздух за првпат се во неповолна положба.

Карен Ален, виша советничка за истражување во Институтот за безбедносни студии, напиша опширно на темата за употреба на беспилотни летала од страна на терористичките групи.

Иако не е јасно колку точно случаи на употреба на беспилотни летала од страна на терористички групи имало во Африка, случаи се забележани во Сомалија, Демократска Република Конго, Нигерија и Мозамбик.

Барбара вели дека централниот Сахел го сноси најголемиот товар на новиот тренд, кој се прошири од Исламската држава и Ал Каеда во Ирак и Сирија до нивните филијали во Африка.

Ален додава дека употребата на дронови од страна на терористичките групи е тешко да се запре бидејќи беспилотните летала лесно се купуваат за цивилна употреба на Интернет.

Таа додава дека африканските нации треба да инвестираат во системи против дронови.

Ова може да вклучува технологија што пресретнува радиосигнали, оневозможува беспилотни летала, па дури и ласери против дронови.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG