Хуан Браво создаде робот кој може нежно да бере јагоди. Користејќи сензори и камери, ја анализира зрелоста на секоја јагода и го програмира движењето на роботската рака за да го исече стеблото без да го уништи помалку зрелиот плод на растението.
„Созреваат од долу кон горе, па врвот станува црвен додека другиот дел од јагодата останува зелен. Потоа мериме кој дел од површината е црвен, а кој останува зелен. Сакаме да биде околу 90% црвено и 10% зелено. Ова е совршено време за берба”, вели Браво.
Во просек, роботот бере по една јагода на секои 10 секунди. Во текот на три дена, машината може да собере осум хектари јагоди.
„Не сакаме да ја допираме површината на јагодата. Ако не ја допреме површината, нема да ја загадиме и таа може да биде со мувла, може да биде со вирус, поради тоа не ја допираме јагодата“, објаснува Браво.
Автоматската берба е зголемена со вакуумот на Агробот, кој ги отстранува штетниците од растението без да им наштети на јагодите или да користи пестициди.
Роботите не се вжештуваат и не се уморуваат, но и не ги земаат работните места од луѓето, вели Мет Конрој, менаџер на фарми за производство на овошје и зеленчук.
„Како индустрија ни недостасуваат луѓе. Имам дупка од околу 15 до 20% секоја година, но ми требаат многу повеќе луѓе. Не станува збор за раселување луѓе. Се работи за пополнување на дупките и празнините каде што немаме доволно луѓе да ја завршат работата”, објаснува Конрој.
Конрој вели дека со нетрпение очекува модифицирани агро роботи кои ќе помогнат да се берат и други култури.
Facebook Forum