Линкови за пристапност

Засилени апели во САД за укинување на смртната казна


Засилени апели во САД за укинување на смртната казна
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:27 0:00

Додека некои американски држави истражуваат нови методи за спроведување на смртната казна, јавното мислење се врти против егзекуцијата. САД се соочуваат и со зголемени меѓународни повици за укинување на оваа практика. Известува Вероника Балдерас Иглесијас.

Употребата на смртната казна во Соединетите држави е под лупа уште еднаш, откако државата Алабама употреби азотен гас за прв пат во јануари за да погуби осуденик на смрт.
Државите бараа алтернативни методи за погубување бидејќи лековите за смртоносни инјекции станаа ретки. Но, сè уште не е постигнат консензус за тоа која форма на извршување се смета за најхумана.

„Некои држави гледаат на враќање во стрелачкиот вод, други гледаат на струен удар. Ниту еден метод на егзекуција не треба да нанесува болка и страдање и тоа е она што државите го сметаат за стандард“, вели Робин Маер од Информативниот центар за смртна казна.

Неуспешната смртоносна инјекција на сериски убиец во државата Ајдахо минатиот месец поттикна обновени повици од страна на Европската унија до Соединетите држави да го следат светскиот тренд и да ја укинат смртната казна.

Во 2022 година, околу 55 земји во светот дозволија смртна казна.

„Смртната казна не делува како пречка за криминал, напротив мислам дека сè уште се можни грешки на правдата и тие се неповратни“, истакна портпаролот на ЕУ за надворешна политика, Питер Стано.

Сепак, има знаци дека плимата се менува. 27 од 50 американски држави ја задржаа смртната казна во нивните судски системи, но само пет од нив егзекутираа луѓе минатата година, со што вкупно 24 лица беа убиени.

И јавната поддршка за смртна казна за осудените убијци кај демократите постојано се намалува последниве години, според анкетите на Галуп.

Минатата година само 32% од демократите се изјаснија позитивно, во споредба со 81% од републиканците.

„Загриженоста за правичност, еднаквост и правда, мислам дека ја поттикнува оваа промена во националниот разговор“, вели Остин Сарат, професор по правни науки на колеџот Амерст.

Иако ја признава загриженоста на оние кои сакаат да ја укинат оваа практика, наведувајќи ја суровоста и можноста за невино лице да биде осудено на смрт, професорот на Правниот факултет во Њујорк, Роберт Блекер, не гледа дека смртната казна целосно ќе исчезне.

„Единственото морално оправдување за казната е одмаздата. Тоа е затоа што некои луѓе вршат злосторства што се толку грозоморни, со став што е толку презирен што едноставно заслужуваат да умрат”, вели Блекер.

Како претседателски кандидат во 2020 година, Џо Бајден вети дека ќе ја укине смртната казна, но под неговата администрација имало некои недоследности, велат аналитичарите.
Одделот за правда прогласи мораториум на федералните егзекуции во 2021 година, но остави зелено светло за капиталната казна за извршителите на масовните убиства во Питсбург, Пенсилванија и Бафало, Њујорк.

Поранешниот републикански претседател Доналд Трамп, кој бара втор мандат на функцијата, предложи смртната казна да се користи за дилерите на дрога.
Историски, сепак, смртната казна никогаш не била главна грижа за американските гласачи во изборните години.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG