Линкови за пристапност

Во недостаток од мажи возачи, сè повеќе Украинки почнуваат да возат камиони


Во недостаток од мажи возачи, сè повеќе Украинки почнуваат да возат камиони
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:12 0:00

Во недостаток од мажи возачи, сè повеќе Украинки почнуваат да возат камиони. Руската инвазија ја зголеми потребата од копнен транспорт. Тоа создаде нови можности за работа за жените бидејќи побарувачката за возачи на камиони вртоглаво расте. Од Киев известува Лесија Бакалец.

Свитлана Зарудна од Киев има 18 години возачко искуство.

„Се чувствувам смирено додека возам. Возам многу, особено од почетокот на војната. Често сум на првата борбена линија како волонтер. Сакам да бидам на пат. Тоа ми го одвлекува вниманието“, вели Зарудна.

Некогаш работела во комуналниот сектор, но неодамна останала без работа. Тогаш решила да ја промени кариерата и да стане возач на камион.

„Ова е можност за заработка. Имам две деца, мојот сопруг е во вооружените сили. Мислам дека е неопходно да се вози секое возило, вклучително и камион“, посочува Зарудна, која аплицирала за програма финансирана од САД која ги учи жените бесплатно да возат камиони.

„Нашиот проект е во партнерство со Министерството за развој на заедниците на териториите на Украина. Финансиската поддршка е од УСАИД. Преку невладина организација - Фондацијата за институционален развој го имплементираме овој проект“, вели Катерина Дацко, од Фондацијата за развој.

Повеќе од 1.000 кандидати се пријавија за програмата; беа примени само 120.

„Основата на оваа програма е обука за возење камион. Секој возач мора да ја заврши. Постојат две категории на возачки дозволи – за камион и камион со приколка“, вели Дацко.

Програмата ја поддржуваат повеќе од 20 приватни компании, од трговци на мало до агро-производители. Тие обезбедуваат камиони за часовите.

„Овие компании се обврзуваат да вработат жени - возачи и потоа да им дадат пристојни услови за работа“, вели Серхиу Деркач, Заменик министер за локален развој.

Деркач додава дека со оглед дека многу мажи служат во армијата, побарувачката за возачи на камиони е зголемена.

„Со целосната инвазија се сменија сите логистички правци. Ја затворивме целата воздушна логистика, па превозот се прелеа на железницата и патиштата. Бројот на камиони кај нас е двојно зголемен за две години: од 60.000 на 120.000“, посочува заменикот министер.

Тој вели дека жените се охрабруваат да влезат во полето каде вообичаено доминираат мажи.

„Велиме дека без разлика на полот, секој може да ја совлада секоја професија. Професијата возач е кул. Распоредот на работа и одмор е многу јасен и флексибилен: добри услови за работа и плата“, вели Деркач.

Жените исто така можат да изберат да возат товарни возила. Еден синџир супермаркети вели дека е подготвен да ги вработи.

„Слушнавме дека овој проект поттикнал жени кои се подготвени да пробаат нешто ново. Со задоволство би вработиле 20 жени“, вели Оксана Моисејенко, лидерка на компанија.

Свитлана Зарудна е уверена дека наскоро ќе може да вози камион лесно како нејзиниот автомобил. Потоа, жените како Зарудна можат да ги прошират своите хоризонти и да добијат меѓународна возачка дозвола.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG