Линкови за пристапност

НАСА во новата година продолжува со амбициозниот проект за враќање на Месечината


НАСА во новата година продолжува со амбициозниот проект за враќање на Месечината
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:44 0:00

Идната администрацијата на Трамп ќе ги наследи напорите на американската вселенска агенција НАСА да ги врати астронаутите на површината на Месечината. Известува Кејн Фарабо

На прес-конференција за плановите на НАСА - враќање на астронаутите на Месечината, Бил Нелсон истакна дека американската вселенска агенција не е единствениот партнер во програмата Артемис.

„Тоа е комерцијално партнерство. Тоа е меѓународно партнерство“, рече Нелсон, главниот администратор на НАСА.

Повеќе од 50 земји се потписнички на договорот Артемис, за кој НАСА вели дека е „заеднички збир на принципи за подобрување на цивилното истражување и користење на вселената“. Кина, која сега е главен конкурент на НАСА, не е потписник и планира да прати своја екипа на Месечината до 2030 година.

НАСА сака да стигне таму пред Кина, користејќи технологија создадена од комерцијални вселенски компании за да ја постигне целта.

„Ќе ги имаме Спејс Икс кој ќе лета со лендер на Артемис 3. Артемис 4 повторно ќе биде на Спејс Икс, а Артемис 5 на Блу Ориџин“, истакна Нелсон.

Но, следната мисија е дури во 2026 година, кога Артемис 2 ќе испрати екипаж во орбитата, но нема да слета на Месечината.

„Зборуваме за тоа што е успех, а тоа е овозможување на Артемис 3“, објаснува Рид Вајсман, командир на мисијата Артемис 2.

НАСА сака да слета во близина на лунарниот јужен пол во потрага за мраз и вода за време на мисијата Артемис 3, закажана за 2027 година.

Нелсон вели дека искуството на Илон Маск со тестирање ракети и вселенски летала може да и помогне на мисијата. Истото може да биде и поради неговиот однос со новоизбраниот претседател Доналд Трамп.

„Мислам дека врската ќе биде придобивка за да се осигураме дека финансирањето за НАСА е таму“, посочи Нелсон.

„Се согласувам со Илон Маск. Треба да ги насочиме нашите цели подалеку. Треба да одиме на Марс“, вели Чарлс Камарда, кој е пензиониран астронаут и инженер на НАСА.

„Треба да ја икористиме Месечината за да ги унапредиме технологиите за одење на Марс“, додава тој.

Во 2005 година, Камарда беше во екипажот на првата мисија на вселенскиот шатл по катастрофата на мисијата Колумбија во 2003 година, кога орбитерот се распадна кога повторно влезе во атмосферата на Земјата. Сите седум членови на екипажот загинаа.

Тој е загрижен за проблемите со топлинскиот штит на капсулата Орион за време на повторното влегување во беспилотната мисија Артемис 1 во 2022 година.

„Мислам дека ова може да биде пресвртната точка, и ние би можеле да се движиме во вистинската насока, или пак, може да биде крајот на НАСА“, посочува астронаутот.

Заменик-администраторката на НАСА, поранешната астронаутка Пем Мелрој, им рече на новинарите дека донесувањето одлуки за Артемис пред да ја преземе новата администрација е важно за да се задржи НАСА на временската рамка за враќање на Месечината пред Кина.

„Мислам дека тоа би било многу полошо доколку се одложи“, смета Мелрој.

Новоизбраниот претседател Трамп на социјалните мрежи ги објави плановите да го назначи претприемачот и пилот Џаред Исакман да го замени Нелсон како администратор на НАСА. Исакман леташе во 2021 и 2024 година со капсулата Драгон на Спејс Икс околу Земјата и е првиот комерцијален астронаут што спроведува активност надвор од вселенското летало.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG