Линкови за пристапност

Заканувачката реторика од Иран, дел од предизборните кампањи во САД


Заканувачката реторика од Иран, дел од предизборните кампањи во САД
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:56 0:00

Заканувачкиот однос на Иран кон САД и кон неговиот сојузник Израел е едно од само неколкуте прашања во надворешната политика на кои се занимаваа американските претседателски ривали Камала Харис и Доналд Трамп во предизборната кампања. Мајкл Липин има повеќе. 

Потпретседателката на САД и демократската кандидатка за претседател Камала Харис ги фокусираше своите забелешки за Иран на одбраната.

„Да знаете дека никогаш нема да се двоумам да преземам каква било акција за да ги одбраниме нашите сили и нашите интереси против Иран и терористите поддржани од Иран“, истакна Харис.

Во дебатата со нејзиниот републикански ривал, поранешниот претседател Доналд Трамп, таа вети дека ќе го прошири тој одбранбен пристап кон Израел.

„Секогаш ќе му дадам на Израел можност да се брани, особено од Иран и секоја закана што Иран и неговите полномошници ја претставуваат за Израел“, посочи Харис.

Администрацијата на Бајден и Харис помогна Израел да се одбрани од воздушен напад од страна на Иран во април. Исто така, минатиот месец испрати воени бродови во регионот за да го одврати Иран повторно да го стори тоа. Нагласувањето на тој пристап би можело да им се допадне на некои Американци.

„Таа знае дека Американците се уморни од војна и сигурно не сака да звучи како да бара друга. Кој може да биде против одбрана?...“, вели Мајкл О'Хенлон, Институт Брукингс.

Но, администрацијата на Бајден и Харис, исто така, виде дека застапниците на Иран ја ескалираа нивната агресија во август, напаѓајќи ги американските бази во Ирак и Сирија и егзекутирајќи американски заложник во Газа.

„Немаше одмазда од САД. Тие ја задржаа таа одбранбена положба. Загрижена сум дека Иран добива порака оти може да продолжи да провоцира и да ескалира според нивните услови, а САД ќе одговорат, но нема да преземат иницијатива“, вели Викторија Коутс од Фондацијата Херитиџ.

Трамп ги нагласува своите постапки за санкционирање на Иран поради неговото однесување кога тој беше претседател.

„Им реков на Кина и на другите земји: „Ако купувате од Иран, нема да ви дозволиме да правите никаков бизнис во оваа земја и ќе поставиме царини за секој производ што ќе го испратите од 100 проценти или повеќе“, истакна Трамп.

На дебатата, тој ја обвини администрацијата на Бајден и Харис дека го збогатувале Иран и неговите застапници со ублажување на притисокот. Тој вети дека ќе ја реши заканата од Иран, но не даде детали, велејќи:

„Погледнете што се случува на Блискиот Исток... ќе го средам тоа брзо“, рече Трамп.

За време на неговиот мандат, Трамп се вклучи во двегодишна кампања за „максимален притисок“ против Иран. Избегнувањето на Трамп повторно да се посвети на таа стратегија му дава можност да води нова политика што побрзо го притиска Иран.

Една сличност меѓу Харис и Трамп е тоа што ниту еден од нив не кажува што ќе преземат ако Иран направи нуклеарна бомба, перспектива што иранските власти ја навестија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG