Линкови за пристапност

За стотици заробени украински војници нема никакви сознанија каде се и дали се живи


За стотици заробени украински војници нема никакви сознанија каде се и дали се живи
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:27 0:00

Две години свршеницата и членовите на семејството на бранителот на Мариупол го чекаат да се врати дома. Не се слушнале со него од мај 2022 година. Неговите соборци велат дека е жив и се наоѓа на руска територија. Известува Тетиана Кукурика.

Неговиот дедо му посвети се на нашето момче. Да беше жив денес, ќе беше многу горд.
Синот на Свитлана Свидерска, Јуриј се приклучи на баталјонот во Азов во декември 2021 година. Беше во Мариупол кога Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година.

„По инвазијата на Русија, мојот син наполни 20 години, на 25 февруари. Му се јавивме утрото, а тој рече дека заборавил дека му е роденден“, раскажува Свидерска.

Кога Свидерски бил во Мариупол, неговата мајка добила само два телефонски повици и неколку пораки од него.

„Ми кажа тоа што го видел и поминал дотогаш било полошо од што било во кој било хорор филм“, вели мајката и додава дека бил заробен за време на борбите во Мариупол. За тоа дознала преку медиумите.

„Немаме повик, пораки или преписка со синот откако беше заробен“, раскажува Свидарска.

Од ослободените другари на нејзиниот син, Свидерска дознала дека тој е жив и дека се наоѓа на руска територија.

Ѝ беа потребни две години пред да може да зборува за судбината на нејзиниот син. Се надеваше дека тој ќе биде ослободен со размена на затвореници, но откако тоа не се случи, стана очајна.

„Мораме да го информираме целиот свет дека нашите војници се уште се во заробеништво и треба да бараме од Русиј реговори за размена на затвореници“ вели Свидерска.

Секој петок Свидерска и нејзиното семејство учествуваат во кампањата „Да се вратат нашите херои од заробешнитво“.

Во Хмелницки веќе се одржаа повеќе од 90 вакви собири.

Овие собири се одржуваат без разлика на сезоната и под какви било временски услови. Ќе го правиме тоа се додека има потреба, вели Лесиа Стебло од Фондацијата „Ослободување заробени војници“.

„Го чекав да се врати од војска. Го чекав да се врати од Азовстал, и ќе чекам да се врати дома од заробеништво“, вели Таиса Зарозеи, свршеница на заробен војник.

Според процените на Здружението на семејствата на бранителите на Азовстал, околу 900 припадници на украинската единици моментално се во руско заробеништво.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG