Линкови за пристапност

Волонтери ги реобновуваат локалните пазари во ослободените територии кај Харков


Волонтери ги реобновуваат локалните пазари во ослободените територии кај Харков
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:12 0:00

Руската инвазија го затрупа обработливото земјиште во украинскиот регион Харков со нагазни мини, и остави многу локални земјоделци без работа. Но, откако окупаторските сили заминаа, волонтери се вклучија во обновувањето на локалните пазари и фарми. Известува Ана Костутченко.

Доматите, кромидот и дињите штотуку се собрани од деокупираната територија на регионот Харков, вели волонтерката Мерјам Јол.

Јол, некогашна продуцентка за на реклами, родена е и израсната овде. Од руската инвазија во 2022 година, таа го посвети целото свое време и енергија на волонтерската работа, најпрво приклучувајќи се на регионалната добротворна организација наречена Волонтерска.

Потоа, во пролетта, таа заедно со пријателка започнале волонтерски непрофитен проект што го нарекуваат продавница за де-окупација... велат ќе им помогнат на локалните фармери да заработат дополнителни пари.

„Во селата нема работа... Пред војната, луеѓето работеа во секторите земјоделство и туризам, а бидејќи во полињата има мини, тие не можат да работат“, вели Јол.

Овие волонтери купуваат сè што можат земјоделците да одгледуваат во нивните дворови, во области каде нема мини и го продаваат на импровизираниот пазар во Харков.

„Поголемиот дел се продава кај нашите партнери – локални ресторани, со кои се здруживме“, додава Јол.

Марија Корчма е една од фармерите кои се потпираат на волонтерите за помош. Таа живее во селото Студенок, на околу 170 километри од градот Харков.

Таа порано одгледувала нутрија, тревопасен глодач, како алтернатива за говедско и пилешко, но кога била принудена да ја евакуира фармата, ги пуштила сите во дивината.

„Мислевме дека ќе се вратат заедно со нас, но дојде само едно животно“, посочува Корчма.

Сега, таа сади зеленчук во својот двор и го продава малиот род на волонтерите на продавницата наречена „Де-Окупациона“.

Шест други земјоделци во Студенок, исто така, ги продаваат своите производи во продавницата и живеат од приходите.

Тоа ѝ помага на продавницата која е во популарна област во Харков. Многу од клиентите се млади луѓе, вели волонтерката Натали Артјушенко.

„Го мирисаат зеленчукот и велат дека е вистински зеленчук“, вели волонтерката Натали Артушенко.

Многу редовни клиенти купуваат многу свежа храна, а потоа ја носат во воената болница во градот Харков за да им помогнат на ранетите војници.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG