Линкови за пристапност

Македонка - жртва на ураганот Ајрин


Македонка - жртва на ураганот Ајрин
Македонка - жртва на ураганот Ајрин

Загинала во сојузната држава Вермонт

Генералниот конзулат на Република Македонија во Њујорк за Гласот на Америка на македонски потврди дека во разорниот удар на ураганот Ајрин во сојузната држава Вермонт животот го загубила 20-годишна Македонка.

Таа престојувала привремено во САД преку програмата за студентска размена. Од Конзулатот наведуваат дека засега не го објавуваат идентитетот на загинатата поради заштита на личните податоци и приватноста на жртвата.

Девојката, која потекнува од Источна Македонија, била во САД на куса програма од 2-3 месеци. Конзулатот во Њујорк е во контакт со агенцијата надлежна за нејзиното работно место и здравствено осигурувањето за време на престој во САД. Во согласност со нејзините родители и соработка со агенцијата, транспортот на телото во Македонија ќе се организира во наредните неколку дена.

XS
SM
MD
LG