Линкови за пристапност

Подготовки за ураганот Ајрин во полн ек


Подготовки за ураганот Ајрин во полн ек
Подготовки за ураганот Ајрин во полн ек

Северна Каролина, Вирџинија, Мериленд, Делавер, Њу Џерси и Њујорк објавија вонредна состојба воочи невремето

Властите ги вршат последните подготовки воочи ураганот Ајрин кој во сабота се очекува да го погоди источното американско крајбрежје.

Гувернерите на сојузните држави Северна Каролина, Вирџинија, Мериленд, Делавер, Њу Џерси и Њујорк објавија вонредна состојба со цел да се отвори легален пат за користење на фондови за итни состојби. Претседателот Барак Обама исто така објави вонредна состојба за Северна Каролина.

Според Националниот центар за урагани, Ајрин незначително загубила од јачината, но ветрот и натаму е со максимални ветришта од 175 милји на час, останувајќи опасно невреме од категорија 2, на скалата од 1 до 5. Метеролозите очекуваат ураганот да добие на сила штом ќе се доближи до брегот на Северна Каролина.

Досега од Ајрин загинало најмалку едно лице во Пуерто Рико и две во Доминиканската Република.

Предупредувања за невремето се издадени за поголемиот дел на источниот брег, а властите во погодените делови веќе ги евакуираат локалните жители и туристите. Градоначалникот на Њујорк Мајкл Блумберг нареди болниците и домовите за стари лица во засегнатите области да бидат евакуирани.

Заканата од ураганот Ајрин беше причина и за одложување на церемонијата на отварање на споменикот на Мартин Лутер Кинг во центарот на Вашинготн, што беше закажана за в недела.

XS
SM
MD
LG