Линкови за пристапност

Ураганот Ајрин се движи кон САД


Ураганот Ајрин се движи кон САД
Ураганот Ајрин се движи кон САД

Ураганот може да достигне јачина од категорија четири кога ќе се приблжи на Флорида

Американскиот Национален центар за урагани соопшти дека Ајрин доцна денеска или во среда ќе стане голем ураган, додека невремето минува низ централниот дел на Бахамите.

Ајрин во моментов се наоѓа близу северното крајбрежје на Доминиканската Република и носи ветришта со јачина од 160 километри на час. Во оваа земја е воведено предупредување од ураган, исто како и за делови од Бахамите.

Метеореолозите предвидуваат дека Ајрин се очекува да се претвори во невреме од категорија три, на скалата од еден до пет, што значи дека ветриштата ќе бидат посилни од 178 километри на час, додека ураганот се приближува кон Бахамите. Во Доминиканската Република веќе има поројни дождови како последица од невремето.

Постои опасност и ураганот да достигне и категорија четири со јачина на ветриштата од најмалку 210 километри на час движејќи се кон источниот брег на САД.

XS
SM
MD
LG