Линкови за пристапност

Ураганот се движи кон источното крајбрежје на САД


Ураганот се движи кон источното крајбрежје на САД
Ураганот се движи кон источното крајбрежје на САД

Ајрин е првиот ураган што претставува сериозна закана за САД последниве три години

Властите во густо населените области на источниот брег на САД започнаа со евакуација на популарните летни одмаралишта, како подготвка за моќниот ураган Ајрин.

Метеролозите издадоа предупредување за ураган за делови на сојузната држава Северна Каролина рано утринава по американско време, додека невремето минува низ северозападниот дел на Бахамите, со јачина на ветриштата од 185 километри на час.

Локаните власти соопштија дека има извештаи за сериозно оштетени куќи и бизниси на два јужни острови на Бахамите, но нема информации за повредени.

Невремето се очекува да добие на сила денеска и да се придвижи кон север рано утре.

Ајрин е првиот ураган што претставува сериозна закана за американското копно последниве три години.

XS
SM
MD
LG