Линкови за пристапност

Во САД зголемен интересот за клонирање домашни миленичиња


Во САД зголемен интересот за клонирање домашни миленичиња
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:06 0:00

Во американската сојузна држава Тексас, луѓето прават клонови на своите сакани миленичиња за да може генетски идентичното животно да живее откако нивниот миленик ќе умре. Од главниот град на Тексас, Остин, Деана Мичел од Гласот на Америка ја има нашата сторија.

„Мојата оригинална мачка се викаше Чаи, и таа беше милениче како моја сродна душа. Никогаш во животот не сум ималa врска со животно како што имав со неа, ниту порано, ниту подоцна", вели Кели Андерсон, тренер за животни.

Врската помеѓу тренерот за животни Кели Андерсон со нејзината мачка била толку силна што Андерсон решила да ја клонира.

„Се борев со депресија кога ја имав. Таа ми го спаси животот повеќе пати отколку што можам да избројам. Многу ми беше тешко кога почина”, додава Андерсон.

Андерсон отиде кај клонаторот на мачки, кучиња и коњи ВиаГен со седиште во САД.

Претставничката на службата за клиенти, Коди Ламб, вели дека процесот за клонирање започнува со тоа што ветеринарите испраќаат примерок од биопсија на миленичето за клонирање.

„По добивањето на примерокот, ќе направиме клеточна култура. Ние користиме дел од зачуваните клетки за да создадеме клонирани ембриони. А потоа тие се префрлени на сурогат мајки. И тоа е нормален период на бременост“, изјави Коди Ламб од ВиаГен.

Беа потребни четири години за да се клонира нејзината мачка. Но, конечно ја запозна Бел, клонот на Чаи.

Андерсон рече дека и покрај чекањето, знаејќи дека мачката доаѓа е како светлина на крајот од тунелот.

„Кога добив повик дека конечно ја клонирале, бев шокирана. Бел има различни белези, но и нејзината личност е различна. Јас ја сакам толку многу, и дефинитивно е како мојата претходна мачка, но тоа воопшто не е иста врска и никогаш не го очекував или посакував тоа“, исткана Андерсон.

„Повратните информации што ги добиваме се дека темпераментот и личноста се доста слични, но тие сепак ќе бидат нивна единствена карактеристика“, рече Коди Ламб.

Клонирањето не е евтино. Андерсон платила 25.000 долари пред шест години, а цената оттогаш двојно се зголемила на 50.000 долари.

„Зедов кредит затоа што немам толку многу пари. Јас сум само дресер на кучиња. Не сум Парис Хилтон“, изјави Кели Андесон.

Хотелската наследничка Парис Хилтон користела го клонира своето куче, што резултирало со два нови клонови на кученца.

Музичарката Барбра Стрејсенд доби и две клонирани кучиња од нејзиниот сакан Котон де Тулеар.

Андерсон, која има профил на Инстаграм за Бел наречена вели дека иако има многу омраза на социјалните мрежи за нејзиниот избор, таа не се кае.

„Мислам дека љубовта е иста. И тоа е навистина важен дел за клонирање. Никогаш не се работеше за нејзино воскреснување или реинкарнирање. Сакав само дел од неа да продолжи. Значи, Бел е тој дел од неа“, вели Кели Андерсон, тренер за животни.

Андерсон има ДНК од нејзината сибирска хаска, Гост, со надеж дека ќе може да го клонира еден ден.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG