Линкови за пристапност

Во Калифорнија се гради најголемиот мост за диви животни во светот


Во Калифорнија се гради најголемиот мост за диви животни во светот
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:22 0:00

На почетокот на мај, сојузната држава Калифорнија објави отворање на најголемиот мост за животни во светот. Преминот е во близина на Лос Анџелес и ќе понуди безбеден премин на дивиот свет преку автопатот. Известува Анџелина Багдасарјан.

Со години, еколозите во Калифорнија се обидуваат да ги убедат жителите на Лос Анџелес дека на локалниот див свет му требаат мостови, исто како и на луѓето. За животните, проблемот е автопат со десет ленти.

„Гледаме дека многу животни се приближуваат до автопатот во оваа област.... Автопатот 101 ја дели Санта Моника и сè друго на север, и животните не можат да преминуваат“, вели Сет Рајли од Рекреативниот парк, Санта Моника.

На Денот на планетата Земја во 2022 година, започна изградбата, надвор од Лос Анџелес на, како што рекоа официјалните лица, најголемиот мост за диви животни во светот, распон што ќе овозможи животните безбедно да го преминат автопатот.

Гувернерот на Калифорнија Гевин Њусом неодамна изјави дека мостот е на пат да се отвори на почетокот на 2026 година. Со должина од 68 метри, и 50 метри широк, мостот ќе биде маскиран како да е дел од планините Санта Моника.

„Ќе се обидеме да направиме да стане дел од природно подрачје од двете страни. Ќе има земјиште, и површина со вегетација“, објаснува Рајли.

Изградбата на мостот ќе чини 92 милиони долари, вели Бет Прат од Националната федерација за диви животни. Дел од парите ќе дојдат од државата, голем дел доаѓаат од некои големи филантропски имиња.

„Имавме прекрасно партнерство со гувернерот Гевин Њусом, но потоа приватните донатори навистина се засилуваат, како Леонардо ди Каприо, на пример. Имаме над 6.000 донатори ширум светот кои го поддржаа овој проект“, вели Прат.

Фондацијата на актерот Леонардо ди Каприо донираше 300 илјади долари; Филантропите Џоан и Френк Рандал од Њупорт Бич дадоа 5 милиони долари; и Фондацијата Аненберг оддели, 25 милиони долари.

Мостот - кога ќе биде завршен - ќе го носи името на неговиот извршен директор, Волис Аненберг.
Кампањата за собирање средства делумно беше поттикната од зголемувањето на смртните случаи на пуми - диви животни кои живеат во областа. Од Службата за национални паркови велат дека од 2002 до јануари 2023 година, 34 пуми биле прегазени од возила.

Градежните работи се изведуваат во ноќните часови за да се избегне забавување на сообраќајот на автопатот. И штом мостот ќе биде завршен, само животни, ќе може да го користат. Не, и пешаци.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG