Околу 300 војници од Северна Кореја се убиени, а 2.700 други повредени во руската војна во Украина, соопшти јужнокорејската Национална разузнавачка служба пред пратениците на затворен брифинг во понеделникот.
Агенцијата соопшти дека учествувала во испрашувањето на неколку севернокорејски војници кои биле заробени од украинските сили.
Брифингот дојде неколку дена откако украинскиот претседател Володимир Зеленски објави заробување на двајца севернокорејски војници за време на борбите во рускиот регион Курск, каде што украинските сили започнаа ненадејна офанзива во август.
Зеленски доцна во неделата рече дека ќе ги испрати заробените Корејци назад во нивната земја доколку севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун организира размена на украински војници кои се држат во Русија.
Украинскиот лидер рече дека е „само прашање на време“ кога Украина ќе зароби повеќе севернокорејски војници и дека руската војска „зависи од воената помош од Северна Кореја“.
Некои информации во текстот се од Асошиетед прес, Франс-прес и Ројтерс