Украински беспилотни летала ги гаѓаат руските погранични области.
Украинската војска соопшти дека соборила 47 беспилотни летала што руските сили ги лансирале во текот на ноќта во области во централна и источна Украина.
Русија употреби вкупно 72 беспилотни летала во своите напади, соопшти војската.
Украинската противвоздушна одбрана собори беспилотни летала над регионите Черкаси, Чернихив, Днепропетровск, Харков, Херсон, Кировоград, Киев, Миколаев, Полтава, Одеса и Суми.
Официјалните лица во тие области веднаш не пријавиле поголема штета.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека уништило 13 украински беспилотни летала, главно долж руско-украинската граница. Пресретнувани се во Брјанск, Белгород, Курск, Калуга и Воронеж.
Гувернерите на Брјанск и Калуга изјавија дека нема извештаи за жртви или штети во нивните региони.
Нападите се случија еден ден откако руските сили убија најмалку две лица во Киев
Некои информации за овој извештај дојдоа од Ројтерс.
Facebook Forum