Линкови за пристапност

Албанија ги пропупшта македонските државјани и со старите патни документи, но не и Грција


Албанија ги пропупшта македонските државјани и со старите патни документи, но не и Грција
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:04 0:00

Властите во Албанија ги пропупштаат македонските државјани и со старите патни документи, грчката страна само со Северна Македонија. Автор: Мики Трајковски

„И покрај обврските кои произлегуваат од Преспанскиот договор дека од денес мора да се патува само со нови патни исправи на кои стои името Република Северна Македонија, сепак албанските полициски и царински служби ги пропуштаат македонските граѓани на граничниот премин Ќафасан кај Струга и со документи на кои што пишува старото име, односно Република Македонија“.

Но, на Ќафасан денес ги немаше вообичаените гужви за влез во Албанија. Повеќето од оние кои ја поминуваа границата беа албански државјани. Граѓаните со кои разговаравме велат дека се задоволни од ваквата одлука на албанските власти, бидејки многумина до Албанија одат и на само еден ден.

На Ќафасан од полноќ до 10.00 часот на 13 февруари регистрирани за влез се 62 македонски државјани, додека за излез на Репблика Северна Македонија, 147 македонски државјни. И, на останатите гранични премини сообраќајот се одвива без проблеми. Најчесто патуваат оние со нови патни документи. На границата со Грција, грчките погранични служби ги пуштаат само оние македонски граѓани, кои имаат документи со новото уставно име.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG