Линкови за пристапност

Вештерките од Буча - женска украинска единица обучена за соборување дронови


Вештерките од Буча - женска украинска единица обучена за соборување дронови
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:34 0:00

Запознајте ги Вештерките од Буча, воена единица составена само од жени, специјализирани за соборување дронови. Тие работат 24 часа на ден и користат неконвенционално, но ефективно оружје за да ги соборат дроновите без екипаж. Известува Ана Костутченко. .

Пракса за оваа целосно женска група за противвоздушна одбрана наречена Вештерките од Буча. Во доброволните сили за територијална одбрана Буча во близина на Киев има три борбени групи. Составени се само од жени.

Овие три жени војуваат од април. Нивната главна цел е да ги соборат беспилотните летала Шахид, произведени од Иран, што Русија ги лансира кон регионот на Киев.

Еден од командантите на групата има прекар „Џига“. 37-годишната е поранешна полицајка и мајка на 10-годишна ќерка.

„Генерално, тренираме да бидеме мобилни, но командантот е одговорен за тоа колку брзо успеваме да ја напуштиме базата, проверува дали митралезите се подготвени навреме и за битка“, објаснува Џига.

Единицата врши борбени мисии во пик-ап камионети опремени со митралези од типот Максим. И покрај тоа што беше развиено пред повеќе од 100 години и користено во двете Светски војни, се покажа ефикасно против беспилотните летала Шахид.

Русија обично започнува со напади ноќно време. Околу 2 часот по полноќ, по воздушните сирени Вештерките од Буча започнуваат со против-нападот. Други борци помагаат со залихите. Џига дава команди.

Според украинските воздухопловни сили, до крајот на јуни 2024 година, руската армија лансирала речиси 2300 дронови „Шахид“ во Украина. Над четири петтини од нив беа соборени благодарение на мобилните групи, како онаа што ја води Џига. Во јули, нејзината групата успешно соборила три беспилотни летала, вели таа.

„Една ноќ, околу 40 дронови Шахид беа насочени да нападнат врз територијата на Украина, но за среќа не стигнаа до нас“, вели Џига.

Вештерките од Буча се враќаат во базата. Во текот на неделата тие минуваат низ редовна обука, предводена од ветерани од руско-украинската војна. Меѓу другото, тие учат деминирање, пружање помош за ранети и, се разбира, минуваат низ обемна практика на гаѓање.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG