Линкови за пристапност

Вештачката интелигенција доминира на годинешниот саем за електроника во Лас Вегас


Вештачката интелигенција доминира на годинешниот саем за електроника во Лас Вегас
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:43 0:00

Технолошките компании, индустриските директори и претприемачите оваа недела се во Лас Вегас на „CES“, масовното шоу за електроника за широка потрошувачка на кое се прокажани најновите достигнувања во вештачката интелигенција, технологијата во возила, роботиката и многу повеќе. Тина Трин има повеќе.

„CES“, масовниот саем за електроника што се одржува секоја година во Лас Вегас, започна со воведниот говор на извршниот директор на „Nvidia“, Џенсен Хуанг.

„Nvidia“ е американска компјутерска компанија која постигна многу во 2024 година, со пазарна капитализација од 3 трилиони долари, a акциите се зголемија за 171 отсто. Тоа е и бум за вештачката интелигенција.

„Напредниот систем на вештачката интелигенција може да согледа, расудува, планира и дејствува. А потоа следната фаза, за некои од кои ќе зборуваме вечерва, е физичката вештачка интелигенција“, рече Хуанг.

Најновите модели на вештачка интелигенција се поспособни да расудуваат и сами се обучуваат и тестираат.

„Потенцијално, вештачката интелигенција може да зборува со себе или да разговара со други вештачки интелигенции, и исто како и како луѓето во тимот можат да се предизвикуваат едни со други, да ги предизвикуваат претпоставките, да се тестираат, да се оценуваат едни со други со нивните резултати“, рече Рев Лебаредијан потпретседател на „Nvidia“.

Напредниот вид на вештачката интелигенција може да стане новата дигитална работна сила, ако добие специфични податоци за бизнисот и однапред дефинирани параметри, вели Хуанг.

„ИТ одделот на секоја компанија во иднина ќе биде оддел за човечки ресурси на агенти за вештачка интелигенција“, рече Хуанг.

Тоа што Хуанг го нарекува физичка вештачка интелигенција ги движи работите чекор понапред... податоците за извршување на задачите и функциите се толкуваат во реалниот свет.

Производителите на автомобили го истражуваат теренот. Со напредокот од технологии со помош на возач до целосно автономни возила. ((Mandatory CG: Nvidia)) Таквиот успех е потпомогнат од вештачката интелигенција која предвидува сценарија од реалниот свет кои можат да бидат непредвидливи.

„Не постои фундаментално прашање за безбедноста, туку како да комуницирате со остатокот од околината. Тоа допрва треба да се развие. Во повеќето случаи функционира прилично добро... постојат предизвици, но ниту возачите не возат 100 проценти безбедно“, рече Стефани Бринли која е аналитичарка во „S&P Global Mobility“.

„Honda“ претстави два прототипи на електрични возила, во моментов без функционалност за самоуправување. Компанијата ја нагласува важноста да се запамети кој на крајот има корист од напредокот во технологијата.

„Honda отсекогаш се стремела кон развој на возила насочени кон луѓето и мислам дека тоа е уште поважно во оваа ера на возила дефинирани со софтвер и автономно возење“, рече Мицуру Карија, потпретседател на „Honda Motor“.

Технологијата насочена кон човекот работи рака под рака со напредниот вид на вештачката интелигенција, и ја предизвикува врската меѓу луѓето и машините.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG