Линкови за пристапност

Венс, кандидат за потпретседател на САД, со многу поразлично минато од Трамп


Венс, кандидат за потпретседател на САД, со многу поразлично минато од Трамп
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:10 0:00

Американскиот сенатор од Охајо Џеј-Ди Венс беше именуван за потпретседателски кандидат од претседателскиот кандидат Доналд Трамп. Неговата политика се поврзува со онаа на поранешниот претседател, но неговото потекло е многу поразлично. Известува Керолин Пресути.

Од скромно детство во Апалачија, сенаторот од Охајо, Џеј-Ди Венс, сега е во трка за втората највисока функција во земјата.

„На луѓето од Мидлтаун, Охајо и сите заборавени заедници во Мичиген, Висконсин, Пенсилванија и Охајо и во секој агол на нашата држава, ви го ветувам ова: ќе бидам потпретседател кој никогаш нема да заборави од каде дошол“, истакна Венс.

Тоа минато е јак контраст на богатата позадина на поранешниот претседател Доналд Трамп. Гувернерот на Охајо, Мајк Дивајн, вели дека детството на Венс во сиромаштија, со мајка зависничка од дрога, ја зголемува привлечноста за гласање за републиканците.

„Тој имал искуства што многу луѓе ги немале, но кои луѓето сигурно можат да ги сфатат“, вели Дивајн.

Во однос на надворешната политика, Венс е ориентиран кон Кина и Источна Азија, но се противи на воената помош во странство, особено во конфликтот Украина/Русија.

„Мислам дека изборот на Венс веројатно предизвикува паника во европските метрополи, иако потпретседателите, традиционално, немаат премногу влијание врз надворешната политика. Фактот што Трамп избра некој чии ставови, особено во Европа, се усогласуваат со неговите, зборува за тоа каде ја гледа иднината на партијата“, посочува Ема Ешфорд од Центарот „Стимсон“.

Членката на националниот комитет на Охајо, Џејн Тимкен, се кандидираше против Венс во неговата трка за Сенатот во САД, а потоа стана негова поддржувачка.

„Тој, исто така, знае како да ја артикулира нашата перспектива да се стави Америка на прво место, а тоа значи обезбедување на границата, тоа значи да ја направи Америка повторно просперитетна и силна на светската сцена“, вели Тимкен.

Како и Трамп, Венс е за Израел, против абортусот и ги обвинува имигрантите за преземање на американски работни места. Потпретседателката Камала Харис го обвинува Венс дека е лика и прилика на Трамп.

„Не правете грешка, Џеј-Ди Венс ќе биде лојален само на Трамп, не и на нашата држава“, рече Харис.

Големата разлика од Трамп е што Венс има 39 години и доколку биде избран, би бил третиот најмлад потпретседател во историјата.

Сенаторот во државата Охајо Џорџ Ланг живее во истиот округ со Венс.

„Мислам дека тој ќе ги донесе младите. И тоа ни треба. Нашата партија ја сочинуваат стари, бели мажи. Треба да покажеме дека има разновидност, дека сме отворени“, смета Ланг.

Берни Морено се кандидира за Сенатот на САД од Охајо. Тој вели дека возраста на Венс е добивка.

„Треба да ги мобилизира гласачите. Можам да одам сега и да кажам Џеј-Ди и целата публика ќе почне да извикува Џеј-Ди“, посочува Морено.

Ќе се види дали таа возбуда ќе продолжи низ целата земја, додека Трамп и Венс продолжуваат со кампањата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG