Линкови за пристапност

Велигденско тркалање јајца во Белата куќа


Велигденско тркалање јајца во Белата куќа
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:59 0:00

По 144. пат годинава се одржа трационалниот настан „Велигденско траклање јајца“ во Белата куќа. Ова е настан што издржа интензивна политичка поларизација и глобален конфликт - па дури и повеќе светски војни и пандемии. Известува Мартин Николовски од Гласот на Америка на македонски јазик.

Силниот дожд и грмотевиците не ги спречија посетителите, речиси четириесет илјади на број, да присуствуваат на традиционалниот настан „Велигденско тркалање јајца“ што го организира Белата куќа. Присутните ги поздравија претседателот Џо Бајден и првата дама Џил Бајден.

„Честит Велигден. Направивме сè, но не можевме да го контролираме времето. Иако метеорологот Ал Рокер ми кажа утрово дека ќе биде сончево. Добредојдовте на најголемото тркалање велигденски јајца во Белата куќа досега“, изјави американскиот претседател, Џо Бајден.

Годинешната тема на настанот е „ЕГ-укација“, што ја постави првата дама Џил Бајден, која е учителка повеќе од 30 години.

„Добредојдовте на тркалањето велигденски јајца во Белата куќа. Честит Велигден на сите. Јас сум професорка и затоа сакам секогаш кога можеме да ја претвориме Белата куќа во училница. И тоа го направивме денес. Јужниот тревник се трансформира во игралиште за учење и училишна заедница“, рече првата дама на САД, Џил Бајден.

Шеесет и четири илјади јајца беа употребени оваа година во активностите на јужниот тревник, според Американскиот одбор за јајца.

„За овој историски настан почестени сме од повикот од првата дама и дониравме јајца за едукација, иновација и соништа за иднината“, изјави Кристина Хансен Колер од Американскиот одбор за јајца.

Настанот датира од 1878 година, кога претседателот Радерфорд Хејс го отвори тревникот во Белата куќа за децата откако беа исфрлени од зградата на Капитолот на САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG