Линкови за пристапност

Важно е да се зборува за Украина и членството во НАТО, вели шефот на естонската дипломатија


Државниот секретар на САД Ентони Блинкен се сретна со балтичките министри за надворешни работи во Стејт департментот во Вашингтон
Државниот секретар на САД Ентони Блинкен се сретна со балтичките министри за надворешни работи во Стејт департментот во Вашингтон

Руската агресија во Украина не е само украински проблем, туку и заеднички проблем во Европа и демократските држави, бидејќи Русија ги напаѓа сите вредности што ние ги штитиме, изјави во интревју за грузиската редакција на Гласот на Америка Маргус Цахкна, министер за надворешни работи на Естонија.

Тој беше во Вашингтон заедно со неговите балтички колеги каде зборуваа за потребата од американска поддршка за Украина.

„Многу е важно да се зборува за Украина. Ова е главна тема. Имаме самит на НАТО во Вашингтон. Прашањето е како можеме да продолжиме со членството на Украина во НАТО“, рече тој.

Според него, треба да се продолжи напред да се поддржи Украина на воен начин.

„Се разбира, дебатите во САД за пакетот за Украина. Но, посебна тема за мене е како можеме да ги искористиме замрзнатите средства на Русија? Ова сега е во процедура во Собранието на Естонија. Да создадеме случај или пример за цела Европа, а можеби и за светот, дека тоа е можно дури и за време на војната, бидејќи повеќе луѓе глобално во демократските држави го поставуваат истото прашање - зошто треба да платиме ако имаме замрзнатите средства на Русија“, вели шефот на естонската дипломатија.

Државниот секретар на САД Ентони Блинкен, по средбата со колегите од балтичките земји, го поздрави нивниот придонес кон НАТО и поддршката за Украина.

„И мислам дека тоа е признание од страна на сите три земји, како и од САД за тоа колкав е влогот кога станува збор за нашата поддршка за Украина, влог што ја надминува дури и самата Украина и основниот принцип, дека луѓето во земјите ширум светот заслужуваат да си ја зацртаат сопствената иднина, а не некоја друга сила да се обидува да го направи тоа наместо нив“, рече Блинкен.

Тој нагласи дека останува уште многу да се направи во однос на одржувањето на поддршката за Украина, како и во продолжувањето на планирањето на иднината на НАТО.

„Алијанса која сега е посилна и поголема отколку што беше, и онаа што има иднина во следните 75 години, која ќе биде важна како и првите 75“, рече Блинкен.

XS
SM
MD
LG