Линкови за пристапност

Советот на ЕУ договори 5 милијарди евра дополнителна помош за Украина


Со фондот, ние ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина да се брани од руската агресивна војна со сè што е потребно и онолку долго колку што ни треба, рече во изјавата шефот за надворешна политика на ЕУ Жозеп Борел
Со фондот, ние ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина да се брани од руската агресивна војна со сè што е потребно и онолку долго колку што ни треба, рече во изјавата шефот за надворешна политика на ЕУ Жозеп Борел

Советот на Европската Унија денес го ратификуваше договорот за зголемување на поддршката на ЕУ за вооружените сили на Украина за 5 милијарди евра (5,44 милијарди долари) преку наменски фонд за помош.

„Со фондот, ние ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина да се брани од руската агресивна војна со сè што е потребно и онолку долго колку што ни треба“, рече во изјавата шефот за надворешна политика на ЕУ Жозеп Борел.

Инјекцијата во готовина доаѓа во време на предупредувањата дека на силите на Киев им требаат повеќе ресурси за да можат да ја држат линијата против поголема руска армија и бидејќи американскиот Конгрес го задржува пакетот од 60 милијарди долари за Украина.

ЕУ соопшти дека парите ќе финансираат обука и смртоносна и несмртоносна воена опрема.

Ќе се користи и за враќање на средствата на земјите-членки за воените резерви испратени во Украина, изјави за новинарите по состанокот полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски.

„Би сакал да им се заблагодарам на сите што придонесоа за ова“, рече тој.

Дополнувањето од 5 милијарди евра одобрено денес значи дека лимитот на фондот сега е поставен на 17 милијарди евра за периодот 2021-2027 година, се вели во истото соопштение на Советот.

Амбасадорите на 27-те земји-членки на ЕУ се согласија на дополнителни средства минатата недела.

Советот, исто така, ги одобри правилата за заеднички набавки на воени материјали од изведувачи на одбраната на ЕУ и Норвешка.

XS
SM
MD
LG