Линкови за пристапност

Зеленски рече дека Украина ќе го зголеми одбранбеното производство


Зеленски во своето ноќно обраќање вчера рече дека во стратешки интерес на Украина е да го шири својот производствен потенцијал секоја година
Зеленски во своето ноќно обраќање вчера рече дека во стратешки интерес на Украина е да го шири својот производствен потенцијал секоја година

Пред состанокoт на групата за Украина, предводена од САД, фокусирана на воената поддршка во нејзината битка против руската инвазија, украинскиот претседател Володимир Зеленскиј рече дека неговата земја ќе се обиде да го максимизира сопственото одбранбено производство.

Зеленски во своето ноќно обраќање вчера рече дека во стратешки интерес на Украина е да го шири својот производствен потенцијал секоја година.

Неговите коментари, исто така, уследија по средбата со американскиот сенатор Линдзи Грем при посетата на земјата, во време кога новата американска помош е во застој поради политичките разлики во Вашингтон.

Зеленски рече дека тој и Грем разговарале за „важноста на победата на слободата и демократијата сега, во оваа војна, овде во Украина, бидејќи во спротивно руската агресија и хаосот ќе се рашират низ светот“.

Зеленски рече дека неговата војска има потреба од артилерија, авиони Ф-16, ракети Патриот и армиски тактички ракетни системи.

Американскиот претседател Џо Бајден предложи 60 милијарди долари нова помош за Украина како дел од безбедносниот пакет што веќе го одобри Сенатот на САД, предводен од демократите.

Претставничкиот дом, предводен од републиканците, не ја презеде мерката, при што претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон инсистира на безбедносен пакет да се однесува и на безбедноста на границата на САД.

Некои информации во текстот се од Асошиетед прес, агенцијата Франс-прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG