Линкови за пристапност

Ердоган против одлуката на Трамп


Турскиот претседател предупреди дека американското повлекување од Иранскиот нуклеарен договор може да има не само регионални, туку и глобални реперкусии

Турција остро се спротивставува на одлуката на претседателот Доналд Трамп, САД да се повлечат од Иранскиот нуклеарен договор. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предупреди на сериозни последици од одлуката, додека аналитичарите велат дека Анкара може да се најде во средината на конфликтот меѓу Вашингтон и Техеран.

Ердоган вчера телефонски разговарал со неговиот ирански колега, Хасан Рухани. Локалните медиуми цитираат извори блиски до турскиот претседател за тоа дека Ердоган ја искажал својата поддршката за Иранскиот нуклеарен договор, и дека ја критикувал одлуката на Трамп.

„Не ни треба нова криза во регионот“ изјави Ердоган во интервју за телевизијата „Си-Ен-Ен“ предупредувајќи дека американското повлекување може да има не само регионални, туку и глобални реперкусии.

„Државите треба да се држат до договорите кои ги потпишале. Ако не го прават тоа, сите меѓународни договори кои во минатото биле потпишани, еден ден наеднаш може да станат невалидни“ изјави за новинарите во Анкара, турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Турција е домаќин на околу 3 милиони сириски бегалци и посакува ставање крај на конфликтот со цел нивно враќање назад. Исто така во Сирија се распоредени значаен број на турски војници кои се борат против припадниците на курдските паравојски, кои Анкара ги смета за терористи.

Анкара исто така предупреди на негативните економски последици од американското повлекување од Иранскиот нуклеарен договор. Трамп најави дека повторно ќе ги воведе санкции кон Иран, вест која предизвика пад на вредноста турската лира. Турската валута падна на најниско ниво на вредност поради изборите во јуни, и стравот од прегревање на економијата.

Ердоган исто така ја потврдил определеноста за развивање на економските врски со Техеран. Иран е значаен енергетски партнер на Турција. Моменталната трговија меѓу двете земји изнесува 35 милијарди долари, додека билатералната трговија во 2016-та беше само 10 милијарди.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG