Линкови за пристапност

САД излегуваат од Иранскиот договор - останатите земји остануваат


Францускиот министер за надворешни работи Ле Дриан Жан-Ив изјави дека договорот не е мртов

По одлуката на претседателот Доналд Трамп да ги повлече САД од Иранскиот нуклеарен договор, денес останатите земји - потписнички најавија дека остануваат дел од Договорот.

Францускиот министер за надворешни работи Ле Дриан Жан-Ив изјави дека договорот не е мртов.

Тој рече дека претседателот Емануел Макрон и иранскиот претседател Хасан Рухани денес треба да разговараат за оваа ситуација, додека министрите за надворешни работи на Франција, Британија и Германија ќе разговараат со иранските официјални претставници в понеделник.

Како дополнување на овие дипломатски потези, министрите за надворешни работи на Русија и Германија, утре во Москва, имаат одделни разговори со Иран за нивната агенда

Кинеското министерство за надворешни работи најави дека Кина останува дел од Договорот, изразувајќи жалење за одлуката на Трамп да го напушти пактот.

Европската унија, во заедничка изјава, нагласи дека засега Иранскиот договор функционира во исполнување на неговата цел - да го спречи Иран да развива нуклеарно оружје, и оти укинувањето на санкциите кон Иран имаат позитивен ефект врз трговијата и меѓусебните односи.

Иранскиот претседател изјави дека Иран останува посветен на мултинационалниот пакт

Трамп вечра изјави дека Договорот, постигнат во време на претседателот Барак Обама, не донел мир и спокој, и оти никогаш нема да го постигне тоа.

Обама, чија администрација ги водеше интензивните преговори за постигнување на Договорот, смета дека одлуката на Трамп е погрешна.

„Верувам дека ставање под ризик на Иранскиот нуклераен договор, без да има негово прекршување од страна на Иран, е сериозна грешка“, изјави Обама.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG