Линкови за пристапност

Нетанјаху: Иран ги крие активностите за развој на нуклеарно оружје


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, вели дека Израел има „нов и уверлив доказ“ дека Иран ги крие своите активности за развој на нуклеарно оружје, спротивно на Меѓународниот договор од 2015-та година, кој го ограничува развојот на нуклеарното оружје на Техеран.

Во телевизиско обраќање, израелскиот премиер рече дека неговата влада добила „голем број на документи кои откриваат факти дека Иран постојано го нарушува“ договорот.

Нетанјаху се противи на договорот што САД, Британија, Франција, Германија, Русија и Кина го постигнаа со Иран, во замена за укинување на економските санкции.

Тој истакна дека договорот нема да го спречи Иран да стане нуклеарна сила.

Говорот на Нетанјаху доаѓа по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, кој се закани дека ќе го укине договорот и ќе воведе санкции кон Иран.

Трамп вели дека Договорот не го спречил Иран да врши тестови на балистички проектили или ги запре со воените напади во Сирија, Јемен и на други места на Блискиот Исток.

Новиот американски државен секретар Мајк Помпео, неодамна јасно стави до знаење дека Трамп ќе ги повлече САД од Договорот до 12-ти мај, спротивно на барањата на европските сојузници, освен ако не биде „поправен“ според потребите на САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG