Линкови за пристапност

Забавени фабричките нарачки, вработувањата...


Забавени фабричките нарачки, вработувањата...
Забавени фабричките нарачки, вработувањата...

Серија извештаи за американската економија ја засенија надежта за растеж во вториот дел на годината.

Фабричките нарачки во САД опаѓаат, расте бројот на отпуштања. Дури и да се решат да вработат, компаниите тоа го чинат бавно и внимателно.

Ова е резимето на серија јавни и приватни извештаи за американската економија објавени денеска. Податоците ја засенија надежта за значителен растеж во вториот дел на годината. Ситуацијата придонесе и за скок на цената на златото на рекордно ниво, во кое по обичај се инвестира кога владее неизвесност на пазарот.

Владиниот Оддел за трговија соопшти дека фабричките нарачки опаднале по вторпат во последните три месеци. Најновиот пад во месец јуни е за 0,8%.

Истражувањето на приватниот Институт за менаџмент на снабдувањето утврдило дека забавила и активноста во непроизводствениот сектор.

Фирмата Челинџер, Греј и Крисмас, која ги следи трендовите во вработувањето, соопшти дека во јули биле затворени вкупно 66.000 работни места. Тоа е најголем износ во нејзиното редовно истражување последниве 12 месеци, како и за 60% повеќе од јули 2010-та.

Компанијата АДП, која исто така го следи вработувањето, утврдила дека американските компании во јули отвориле 114.000 места, за разлика од јуни, кога тој број изнесувал 145.000.

XS
SM
MD
LG