Линкови за пристапност

Благ пад на барањата за бенефиции поради невработеност


Благ пад на барањата за бенефиции поради невработеност
Благ пад на барањата за бенефиции поради невработеност

Се очекува стапката на невработеност и натаму да остане на 9,1 остсто

Помалку Американци поднеле за прв пат барање заобезбедување заради невработеност иако милиони граѓани се` уште зависат од владината помош.

Во извештајот од четврток на Одделот за труд се јавува дека биле поднесени нови 418.000 нови барања, што претставува намалување од 14.000 споредено со една недела претходно.

Бројката на невработени Американци кои продолжуваат да примаат владини бенефеции исто така има благо опаѓање и таа изнесува малку под 3,7 милиони заклучно со 25-ти јуни.

Ваквите цифри укажуваат дека американската економија и пазарот на трудот се подобруваат по заостанувањето заради зголемувањето на цената на бензинот и катастрофалниот земјотрес и цунами во Јапонија од 11-ти март со што се наруши снабдувањето во неколку клучни индустриски гранки.

Сепак, многу економисти велат дека подобрувањето во економската сфера не е доволно да има одраз на намалување на стапката на невработеност на национално ниво. Редовниот месечен извештај за состојбата со невработеноста во САД треба да излезе во петок.

Многу економисти предвидуваат стапката на невработеност и натаму да покаже 9,1 проценти.

XS
SM
MD
LG