Со само неколку недели пред рокот на Одделот за финансии – 2 август, за кревање на лимитот за задолжување на САД што сега е 14,3 трилиони долари и помалку време од тоа за Конгресот да подготви нацрт-легислатива –притисокот на претседателот и конгресните лидери со секој ден е се` поголем.
По минатонеделното критикувањето на републиканците, и Конгресот воопшто, по прашањето на дефицитот, Обама го мина викендот во одморалиштето Кемп Дејвид, во Мериленд, каде тој и неговите советници продолжија со контактите со законодавците.
Обама го одби повикот од сенатскиот републикански лидер Мич МекКонел да оди на Капитол Хил за разговори и Белата куќа не одговори и на друга покана од МекКонел да за средба неделава.
Во просторијата за брифинг на Белата куќа, претседателот не зеде ниедно прашање, но кажа дека ги поканил републиканските и демократските конгресни лидери во четврток, за „напредок кон конечен договор“.
„Се надевам дека сите ќе ги остават своите ултиматуми пред врата, дека ќе биде оставена политичката реторика пред врата, и дека ќе сториме тоа што е најдобро за напшата економија и за нашиот народ“, рече Обама.
Сенаторот Мич МекКонел и други републиканци кажаа дека нема шанса конгресот да одобри ново зголемување на даноците , како што сака Белата куќа за да се скратат даночните намалувања на богатите Американци.
Од Белата куќа велат дека осумтемина законодавци поканети на средбата во четврток ја прифатиле поканата и дека се очекуваат интензивни преговори.