Петочниот извештај од Одделот за трговија вели дека бруто домашниот производ пораснал за само 1,3 процент годишна стапка.
БДП е збир од сите добра и услуги произведени во државата и се најширока мерка за здравјето на економијата.
Високите цени на бензинот и невработеноста биле пречка за потрошувачката на конзументите што е водечки фактор на најголем дел од американската економска активност. Растежот бил исто така повреден со намалувањето на трошоците кај државните и локалните власти, кои видоа опаѓање во собирање на даноците.
Економијата има тешкотии во опоравувањето од рецесијата меѓу 2007 и 2009, кога опаѓа БДП.
Владиниот извештај од петокот вели дека рецесијата била полоша отколку што првично се сметало. Меѓу последните месеци од 2007 и средината на 2009, американската економија се намалила за 5,1 проценти. Тоа е еден процентен поен повеќе отколку што претходно се проценуваше.