Линкови за пристапност

Обама: Америка има долг пат пред себе додека економија застане на здрави нозе


Обама: Америка има долг пат пред себе додека економија застане на здрави нозе
Обама: Америка има долг пат пред себе додека економија застане на здрави нозе

Големо разочарување по најновиот владин извештај за невработеноста во САД од 9,2 проценти во јуни

Американскиот претседател Барак Обама рече дека новите цифри го потврдуваат тоа што многумина веќе го знаат – дека Америка има долг пат пред себе додека економија не застане на здрави нозе.

Зборувајќи од Градината на розите во Белата куќа, Обама рече дека предизвиците со кои се соочуваше економијата за во изминатите месеци – вклучувајќи и зголемени цени на бензинот и природни катастрофи во светот кои се одразуваат на снабдувањето, „не се создадени преку ноќ и нема да се надминат преку ноќ“.

Тој рече дека останува определен да работи со опозиционите републикански законодавци во создавање план за намалување на големиот буџетски дефицит, додека се` уште се инвестира во иднината на земјата.

Републиканските законодавци за извештајот рекоа дека состојбата со невработеноста е „тотално неприфалива“.

Петочниот извештај од Одделот за труд покажа дека американските работодавци додале само 18 илјади работни места во јуни, што е најмал пораст за последниве девет месеци и уште една индикација дека американската економија се` уште има тешкотии во опоравувањето од длабоката рецесија.

Јунската стапка на невработеност била за еден процент повисока од претходниот месец, и највисока од декември 2010.

XS
SM
MD
LG