Линкови за пристапност

Уметници со моторни пили создаваат деликатни дрвени креации


Уметници со моторни пили создаваат деликатни дрвени креации
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:14 0:00

Учесници на екстремно шоу за резба со моторна пила имаат само неколку часа да претворат блок од иглолисното дрво кедар во уметничко дело. Известува Наташа Мозговаја.

Две работи ги изненадуваат посетителите на екстремното шоу за резба со моторна пила - звукот на повеќе моторни пили со различни големини при работа, како и силниот мирис на свежо исечен кедар.
Дваесет уметници со моторна пила, на настан за маратонска резба во Арлингтон, во сојузната држава Вашингтон, ги прикажуваат своите дела.

Лејн Ворден вели дека можноста да се импровизира е клучен дел од процесот.

„Понекогаш почнувате да правите мечка, а можете да завршите со птица. Ако згрешите еден рез, не мора да значи дека сте ја згрешиле целата резба. Тоа само значи дека треба да ја смените насоката. Мојот ум работи 100 милји на час секој пат кога резбарам“, вели Ворден.

Орли, мечки, волци, бувови се доста популарни кај уметниците. Ворден резбари алигатор, а не нешто што вообичаено би го виделе на северозападниот дел на Пацификот.

„Ми станува здодевно да го правам истото, одново и одново. Така, кога доаѓам на овие настани, едноставно сакам луѓето да видат дека има и други резбари кои постојано пробуваат нови работи“, раскажува Ворден и вели дека собирањето дрва е најпроблематичнот дел.

Резбата со моторна пила се сметаше за претежно машка работа. Во последниве години, се` поголем број жени резбари учествуваат во вакви настани.

„За мене не се работи толку многу за конкуренцијата. Важни се дружбата и сите прекрасни луѓе кои учествуваат на овој настан, вели Ли Вуди, која работи во софтверска компанија.

Почнала со резба со моторна пила пред седум години, по обидот да изгради куќа за верверица. Таа вели дека покрај задоволството, оваа уметност има дополнителни придобивки.
„Тоа е вежбање на целото тело. На ваков вид настани, треба да пешачам во основа 10 милји околу резбата. А потоа, и рацете и горниот дел од телото. Го правите ова осум, девет часа на ден, три дена по ред. Дефинитивно се заморувате“, вели Вуди.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG