Линкови за пристапност

Украинските деца се лекуваат од трауми од војната преку специјализирани кампови


Украинските деца се лекуваат од трауми од војната преку специјализирани кампови
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:58 0:00

Втора година по ред, на Карпатите во Украина се одржуваат специјализирани летни кампови за тинејџери кои биле сведоци на трауматски настани за време на војната. Психолозите велат дека наместо да се фокусираат на траумата, тие им помагаат на овие деца. Известува Омелијан Ошчудљак.

Михаило Дрихвал имал 11 години кога започнала војната заедно со неговата мајка и помладата сестра Катерина во градот Керсон, Украина. На првиот ден од инвазијата на Русија, семејството заедно со нивниот папагал и хрчак, побегнале во куќата на бабата на Михаило. Тоа било прв пат да видат руски воени возила.

„Оклопни транспортери означени со големи букви З со руски војници внатре. Тогаш не знаевме како да ја идентификуваме нашата војска. Мислевме дека тоа се украински војници кои доаѓаат да не спасат. Дури мислевме дека „З“ означува Зеленски, барем така претпоставуваше мајка ми, и мислам дека нашата наивност не спаси“, раскажува Дрихвал.

Според украинската добротворна фондација „Добродиј клуб“, најголемата грижа на 73 отсто од Украинците на возраст од 13 до 19 години е војната. Други 38 отсто од тинејџерите велат дека станало потешко да се дружат за време на војната.

Ова е втора година по ред, „СвиТу“ проектот кој е започнат од добротворната фондација „Деца на Украина“, да организира летни кампови на Карпатите во Украина за деца на возраст од 12 до 16 години кои страдаат од трауми поврзани со војната. Така е и за 13-годишната Ирина Кулик, која се грижи за нејзиниот татко кој е војник.

„Отпрвин, татко ми посетуваше еднаш неделно. Потоа, еднаш на две недели. Потоа не можеше да дојде 2 до 3 месеци. Секое утро во 6 часот наутро ми испраќа порака: „Добро утро, мила, имај убав ден. Те сакам!“ Тој ми праќа пораки секое утро. Секогаш го проверувам телефонот да видам дали имам негова порака“, вели Ирина.

Камповите се фокусираат на физичкиот развој и менталното закрепнување на тинејџерите. Во осумдневната програма се вклучени и психолози.

„Со возрасните, психолозите директно се справуваат со траумата. Кога работиме со деца, ние се фокусираме на сите ресурси што ги имаме и не зборуваме за траумата; ги бараме нивните силни страни. Им даваме шанса да се изразат. Се обидуваме да им покажеме дека ние сме тука за нив“, објаснува Ксенија Шумилович, психолог.

„Главната повратна информација што ја имаме од родителите е дека нивните деца тука наоѓаат пријатели. Тие едноставно ги наоѓаат своите сродни души“, вели Ирина Мазур, раководителка на кампот.

Секој камп на Карпатите завршува со „ватра“ - традиционален голем оган.

Сега кога летото заврши, тинејџерите се враќаат на училиште и во реалноста на живеење во земја разурната од војна. Според Министерството за образование на Украина, едно од седум училишта во Украина е оштетено од руско гранатирање.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG